24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедење или обврзници - која е попрофитабилната инвестиција во моментов?

Штедење или обврзници – која е попрофитабилната инвестиција во моментов?

Зголемувањето на референтните каматни стапки од страна на централните банки во борбата против инфлацијата не доведе само до поскапување на кредитите – една од последиците е и зголемување на каматата на штедењето, па домашните банки бележат раст на интересот на клиентите за понудата на каматни стапки и нудат поатрактивен принос од пред половина година. Од друга страна, зголемени се и приносите на државните обврзници, кои можат да ги купат и физичките лица.

Штедењето најчесто се однесува на депозитите во банките, но тој поим во поширока смисла ги опфаќа и другите нискоризични готовински инвестиции на краток или среден рок, па, може да се каже дека и купувањето државни обврзници е форма на штедење.

Домашниот банкарски сектор е стабилен и ризикот од штедење во домашните банки засега е многу низок, а истото важи и за државата.

Меѓутоа, мора да кажеме дека живееме во многу предизвикувачко економско опкружување за штедење. Штедачот не гледа само колку пари заработил од камата, туку колку добра и услуги реално може да си дозволи со заработената сума пари. Официјални информации од Народната банка се дека инфлацијата во декември 2022 година изнесувала 18,7 отсто. Значи, на пример, некој што штедел со камата од три проценти претходната година, навистина заработил, но реално изгубил над 15 проценти од вредноста, бидејќи за своите „каматоносни“ пари сега може да купи петнаесет проценти помалку од истите стоки и услуги од минатата година. Затоа се наметнува логично прашање – дали воопшто имаше смисла таквото штедење?

Оваа неповолна состојба, влијае на монетарните власти на многу земји, меѓу кои и на Македонија, да преземат сериозни мерки за ублажување на инфлацијата, а зголемувањето на каматните стапки индиректно ја обесхрабрува потрошувачката.

Во такви околности тешко е да се каже што е поповолно, штедење во банки или државни обврзници. Според критериумот на принос, штедењето во државни хартии, на пример во 12-месечни државни записи ќе ви донесат 3,7 отсто поврат во денари, што е повеќе од каматата што ја нудат комерцијалните банки за истиот период. Според критериумот за ризик, исто така, нема драматична разлика. Кредитните ризици на државата и нејзиниот банкарски сектор се поврзани, бидејќи се дел од истиот систем, па споредбата е можеби излишна.

Од перспектива на достапност, штедењето во банките до одреден степен има предност.

Заштедата на време може да се реализира „со клик“, преку апликацијата за е-банкарство или на шалтер, а во итен случај на истиот брз и ефикасен начин може невреме и да се повлечат средствата. Од друга страна, купувањето и продавањето обврзници е нешто покомплексна работа која вклучува ангажирање брокер и банка, отворање сметки, потпишување договори и одредена провизија. Со еден збор, многу хартија и работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП