19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСолидни резултати на ТТК Банка за 2022 година, добивката зголемена за 36,4...

Солидни резултати на ТТК Банка за 2022 година, добивката зголемена за 36,4 отсто

ТТК Банка АД Скопје за периодот 31.01-31.12.2022 оствари добивка на износ од 60,9 милиони денари, што претставува повисок резултат за 36,4 % во однос на истиот период минатата година.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2022 до 31.12.2022 година изнесуваат 249,1 милиони денари и го надминуваат планираното ниво за овој период за 2,9 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 199,1 милиони денари и бележат зголемување за 2,6 % во однос на претходната година, што e резултат, во најголем дел, на зголемените приходи од провизии од услугите преку проширената мрежа банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките, како и на поволните движења во понудата и реализацијата на услугите во областа на платниот промет од секторот стопанство. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 100,6 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 14,1 милиони денари и бележат годишен раст од 26,9 % како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 122,6 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 60,7 милиони денари и се повисоки за 96,5 % во однос на минатата година, како резултат, во најголем дел, од поголемиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот се остварени со 80,0 %.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 374,6 милиони денари и се за 8,3 % повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од зголемените материјални и административни трошоци и од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 107,5 %.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 66,1 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во текот на 2022 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 14,1 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП