25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово ембарго на ЕУ од 5 февруари: Како Европа спрема рампа за...

Ново ембарго на ЕУ од 5 февруари: Како Европа спрема рампа за рускиот дизел

Забраната на Европската унија за увоз на сурова нафта од Русија стапи на сила во декември, но од 5 февруари ембаргото ќе биде продолжено и на нафтените деривати што се транспортираат по морски пат. Европските аналитичари наведуваат дека забраната најверојатно ќе предизвика проблеми во испораката и снабдувањето со дизел, бидејќи Русија е најголемиот снабдувач на дизел во ЕУ во последните години, бидејќи европските рафинерии не произведуваат доволно за да ја задоволат побарувачката.

И покрај фактот што европските власти и компании се обидуваат да ги прекинат односите со Русија по почетокот на војната во Украина, Европа минатата година увезла речиси половина од потребната количина дизел од таа земја. Според податоците на аналитичката компанија „Вортекс“, увозот на дизел во Европа од Русија во текот на јануари изнесувал 770.000 барели нафта, што е највисоко од март минатата година.

Како што пренесува Ројтерс, аналитичарот на „Вортекс“ Роход Ратхуд изјавил дека европските купувачи брзаат да купат нафта колку што можат повеќе пред да стапи на сила новата забрана.

Како што се наведува во текстот, Европската унија смета дека испораките на гориво од Кина и Индија можат да помогнат во решавањето на овој проблем, а дел од горивото од Кина би можело да се произведува од руска нафта. Пекинг ја зголеми извозната квота на дизел како дел од првата емисија во 2023 година – зголемување од речиси 50 проценти во споредба со претходната година. Марк Вилијамс од „Вуд Мекензи“ изјави за агенцијата дека испораките на гориво од Кина на светскиот пазар би можеле да достигнат од 400.000 до 600.000 барели дневно. Исто така, се вели дека Индија ги зголемува испораките.

Потрошувачите во Европа се навикнати на лесен и удобен живот, па под притисок на потрошувачите, европските производители и трговци со нафтени деривати ќе ги искористат сите можни средства за да стигнат до што повеќе извори на снабдување, бидејќи тоа едноставно обезбедува сигурност во снабдувањето на домашниот пазар. Диверзификацијата на изворите на снабдување дава одредена сигурност и стабилност на нивната работа, а со тоа и сигурност за потрошувачите. Постои можност да увезуваат дизел од Блискиот Исток, а да купуваат сурова нафта од некои други земји, без разлика дали се во Јужна Америка или долу во Африка, Нигерија…Светската трговија е таа што се прилагодува на околностите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП