1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалите бизниси и занаетчиите со здружени сили против најавата за нови даноци!

Малите бизниси и занаетчиите со здружени сили против најавата за нови даноци!

Стопанствениците од помалите бизниси и занаетчиските дејности со заеднички сили дејствуваат против намерата на власта да им воведе данок на добивка. Најголемиот дел од овие компании не остваруваат промет од три милиони денари на годишно ниво и се ослободени од оваа давачка. Сега државата планира тоа да го укине и да им воведе данок на добивка. Занаетчиите и малите бизниси стравуваат дека ќе бидат приморани да стават клуч на врата доколку имаат дополнителни трошоци. На Владата и остануваат само уште неколку дена за да се откажат од оваа намера.

Од Бизнис Конфедерацијата на Македонија сметаат дека ова е тешок новитет во тежок период. На овој начин сметаат дека не се помаага на економијата, ниту на бизнис заедницата. Првиот човек на ова бизнис здружение Миле Бошков за Денар вели дека новитетите навистина изненадуваат од ден во ден и на овој начин не може да се има предвидливост во планирањето на деловните активности, на краток или на среден рок. Бошков вели, тежок ќе биде резултатот помеѓу добивката и загубата на оваа мерка.

„Се плашам дека оваа новина ќе потикнува се повеќе работа во кеш, и ќе потикнува се помалку дигитални плаќања преку финансиски инструменти. Самиот приход кога е оданочен тогаш навистина носи проблем, односно без оглед на образложението кои можеби ќе следи а можеби нема дека на тој начин ќе се воспостави подобра контрола, потикнување на транспарентно, очетно, одговорно работење, инт. Но ние не сме економија ниту пак имаме култура, а пак уште помалку знаеме ментално што значи чесното водење на бизнис, затоа што се уште не ни е на чисто колку чесно и колку транспарентно се трошат даночните пари“, изјави Миле Бошков претседател на БК.

Даноците, апсолутно даночната политика мора да се смета за праведна, но во овој случај ЗКРСМ е загрижена затоа што не е моментот да се донесат даночни реформи во ова време на криза, бидејќи сите занаетчиски дејности страдаат од тешка економска, здравствена и енергетска криза, покачување на репроматеријали и други парафискални давачки. Новата генерална директорка на Занаетчиската Комора, Јелена Спасова за Денар вели дека занаетчиите не се против даноците и даночните реформи, но во овој случај мора да се најде механизам занаетчиите да бидат поштедени од овој дополнителен товар на нивните многу слаби буџети. Таа додава дека ќе мора да реагираат до сите институции.

„Прометот на занаетчиските дејности и самостојните вршители на занаетчиска дејност не е повеќе од 2 милиони денари, сите ние посакуваме нормално да биде повеќе од тоа но во оваа ситуација тоа е невозможно затоа што нивните оптоварувања се преголеми и затоа се трудиме да им помогнеме за да можат занаетчиите да го зголемат нивниот обрт всушност може да се развиваат за да опстанат и со добивките и со потенцијалот што го имаат и економски да се опорават од кризата. Како нова директорка кој доаѓа од економијата и директно се поврзувам со занаетчиството, заедно со У.О.  забележавме дека над 50 илјади микро мали фирми кои се поврзани со занаетчиски дејности ќе бидат погодени од овие дополнителни даночни оптоварувања, односно ќе мора да изберат дали ќе платат 10 отсто данок на остварена добивка или 1 отсто данок на вкупниот приход. Сега правиме дополнителни анализи и да даваме предлози до Владата, бидејќи мисламе дека за многу семејни бизниси ова ќе биде тежок удар и дека многу од нив ќе преминат во непопуларната сива економија, а некои ќе бидат принудени да ги затворат своите занетчиски дејности.“ вели Јелена Спасова Генерален директор на Занаетчиска Комора.

Реагираа и од Сојузот на стопански комори од каде велат дека доколку бидат усвоени измените на Законот за данок на добивка, кои предвидуваат укинување на ослободувањето на компаниите од плаќање на годишна такса, ќе се удри по најранливите категории на фирми, оние кои секој месец се борат да ја одржат ликвидноста. Предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија.

„Концептот на правично оданочување значи дека во даночниот систем треба да бидат опфатени нерегистрираните субјекти кои сега работат во сивата зона и не плаќаат никакви давачки, со што ќе престанат да бидат нелојална конкуренција на микро и малите деловни субјекти кои пак се значајна алка во економскиот еко систем. Со цел заштита на опстанокот на микро и мали деловни субјекти бараме да не се укинува досегашното ослободување од данокот на добивка на оние кои имаат промет до 3 милиони денари, како би можеле да продолжат да работат непречено“, велат од ССК

Владата се откажа од предизборно најавуваната даночна реформа, конкретно од прогресивниот данок кој требаше да стартува по Нова година. Сега буквално во „пет до дванаесет“ властите се обидуваат да протнат нови даноци кои според бизнисот само ќе донесат проблеми во работењето и нема да дадат значителни резултати на економијата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП