21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВојната во Украина ja чини германската енергија дури 440 милијарди евра

Војната во Украина ja чини германската енергија дури 440 милијарди евра

Германија потрошила 440 милијарди евра за одржување на својата енергија во текот на деветте месеци од војната во Украина, проценува „Reuters“. Станува збор за средства за шеми за поддршка на бизниси и домаќинства, за финансирање и национализација на енергетските компании во криза, како и поради високата цена на енергетските ресурси.

На пример, за контрола на единицата на „Газпром“ во земјата – „Sefe“ се платени 14 милијарди евра, а за „Uniper“ 51 милијарда евра. Одделно се мерките за справување со високите цени на енергијата (вкупно четири во вредност од 295 милијарди евра), инфраструктурните трошоци и увозот на течен гас (10 милијарди евра) итн.

Сумата е импресивна – Берлин дава 1,5 милијарди евра дневно за енергија од 24-ти февруари, додава агенцијата. Во реалноста, речиси истите средства беа доделени за справување со пандемијата на коронавирус во 2020-та година, кога со месеци многу компании престанаа да работат, а луѓето останаа затворени во своите домови. Бројките покажуваат дека тогаш биле исплатени 480 милијарди евра за спас на економијата.

Сепак, најголемата европска економија сега е принудена внимателно да ја следи временската прогноза бидејќи подолг студен период може да ги исцрпи резервите на гас. За првпат по половина век, Германија е соочена со опцијата да остане без никакви испораки на руски гас, пишува „Reuters“.

Германски аналитичари од Институтот за светска економија во Кил коментираат дека економијата на земјата моментално е во критична фаза, бидејќи нема појаснување во однос на идното снабдување со природен гас. Германија може да се потпре на течен природен гас и обновливи извори на енергија, но и на двете ќе бидат потребни години за да го достигнат потребното ниво.

Пред војната, Германија купи 58 милијарди кубни метри природен гас од Русија (земјата беше најголемиот пазар на „Газпром“). Сега Берлин бара алтернативи – на пример, плановите се обновливите извори на енергија да обезбедат 80% од електричната енергија до 2030-та година. Во 2021-ва година, нивното учество во мешавината е 42%.

Најновите официјални бројки покажуваат рекордно зголемување на зелениот капацитет во 2021-ва година – 5,6 гигавати нови соларни панели и 1,7 гигавати ветерни турбини. За да се исполни целта до 2030-та година, сепак, турбините на ветер ќе треба да се зголемуваат за 10 гигавати годишно, а соларните панели за 22 гигавати годишно, според пресметките на федералната влада.

Во однос на течниот гас, земјава тргнува „од нула“. Сепак, очекувањата се дека до крајот на 2023-та година капацитетот ќе овозможи увоз на околу 30 милијарди кубни метри годишно.

Според анализите на институтот, Берлин оваа и следната година за енергија ќе плати 124 милијарди евра повеќе. За споредба, во периодот 2020 – 2021 година сметките беа повисоки за 7 милијарди евра, но побарувачката, а со тоа и цените на пазарите, беа помали поради пандемијата на коронавирусот.

Високите цени на енергенсите ја ставаат енергетската интензивна индустрија во тешка ситуација – на пример, хемиската индустрија, која е меѓу лидерите на германската економија. Очекувањата се компаниите од овој сектор да го намалат производството за 8,5% во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП