6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако и секојпат до сега, Швајцарија не ги чувствува последиците од глобалните...

Како и секојпат до сега, Швајцарија не ги чувствува последиците од глобалните нарушувања

Швајцарската економија забележа благ раст и во првиот квартал, поддржана од силниот раст на индустриското производство на позадината на закрепнувањето на меѓународната побарувачка за прецизни инструменти, часовници и накит, соопшти владата. Активноста во првите три месеци од годинава е зголемена за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа пораст од 0,2 отсто.

Кога ќе се исклучат спортските настани, БДП на почетокот на годината се зголеми за 0,4 отсто во однос на крајот на 2021 година, кога беше зголемен за 0,3 отсто. На годишна основа, швајцарската економија порасна за 4,2 отсто, по 3,6 отсто раст во последните три месеци од минатата година.

„Закрепнувањето продолжи, како што се очекуваше, најмногу благодарение на индустрискиот сектор. На тоа треба да се додаде и посилниот раст на извозот на стоки од историскиот просек“, соопштија од Министерството за економија (SECO).

Индустриското производство порасна за 1,7 отсто и покрај забавувањето во хемискиот и фармацевтскиот сектор, посочуваат од Министерството, посочувајќи на силната странска побарувачка.

Извозот порасна за 1,4 отсто, поттикнат од зголемената побарувачка за прецизни инструменти, машини и метали, како и часовници и накит, соопшти SECO. Епидемиолошките мерки имаа многу поблаго влијание врз економијата отколку во претходните бранови на пандемијата, а во февруари беа дополнително ублажени, соопшти Министерството.

Активноста е значително намалена само во секторот хотелиерство и угостителски услуги, додаваат оттаму. Влијанието на повисоката инфлација и конфликтот во Украина ќе бидат видливи само во податоците за вториот квартал, забележува Ројтерс, повикувајќи се на владиното предупредување дека повисоките цени ја намалуваат куповната моќ на домаќинствата и бизнисите.

Во април инфлацијата во Швајцарија достигна 2,5 отсто, што е највисоко ниво од 2008 година, но сепак е далеку под нивото во еврозоната, каде што цените во април пораснаа за дури 8,1 отсто.

Во март, швајцарската влада ја намали прогнозата за економски раст за оваа година на 2,8 отсто поради конфликтот во Украина и посилниот раст на цените. Таа ја потврди прогнозата за 2023 година, кога растот на активноста треба да забави до два отсто.

Швајцарскиот министер за финансии Уели Маурер минатата недела ја отфрли можноста за поддршка на граѓаните поради високите цени на енергијата и посочи дека тие може да бидат принудени да ја намалат потрошувачката бидејќи не планираат да ги зголемат даноците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП