24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапото одбивање на вакцина: НБА ѕвездата „пократок“ за 100 милиони долари

Најскапото одбивање на вакцина: НБА ѕвездата „пократок“ за 100 милиони долари

Одлуката да не се вакцинира против коронавирусот го чинеше американскиот кошаркар Кајри Ирвинг 100 милиони долари.

Минатата сезона, кошаркарот на Бруклин не можеше да игра дома до март, бидејќи властите во Њујорк одлучија да им забранат на невакцинираните лица да учествуваат на настани во затворен простор.

Затоа тој играше најмногу на гостински терен.

„Се откажав од четиригодишен договор, 100 и нешто милиони долари поради одлуката да не се вакцинирам. Ни рекоа, потпишете го овој договор, вакцинирајте се или одете невакцинирани, а ќе постои ниво на неизвесност за вашата иднина, од тоа дали ќе бидете во оваа лига, дали ќе бидете во овој тим. Па затоа морав да се справам со реалните околности од тоа дека ќе ја изгубам работата поради оваа одлука“, рече Ирвинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП