сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаСПОРТБИЗЖесток дуел меѓу Тухел и Конте по завршувањето на дербито

Жесток дуел меѓу Тухел и Конте по завршувањето на дербито

Менаџерите на Челси и на Тотенхем, Томас Тухел и Антонио Конте, за малку ќе имаа физичка пресметка по завршувањето на лондонското дерби (2:2). Прво се поздравија, а кога Италијанецот тргна да си оди, германскиот стратег го повлече за раката и сакаше да му каже нешто.

Настана хаос и за среќа не се случи жестока тепачка. Се вмешаа и фудбалери, дел од обезбедувањето ги раздвојуваше. На крајот и двајцата добија црвени картони и против нив ќе биде покрената дисциплинска постапка од ФА на Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП