недела, 2 октомври 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие намирници содржат најмногу витамин Д

Овие намирници содржат најмногу витамин Д

Витаминот Д е многу важен во исхраната бидејќи спречува појава на депресија и го зајакнува имунолошкиот систем и коските, а неговиот дефицит се поврзува и со појавата на деменција и рахитис. Еве ја листата со намирници кои содржат најмногу витамин Д.

Риба

lososribahrana

Општо е познато дека рибата содржи многу нутритиенти, а лососот е дефинитивно еден од најдобрите извори на витамин Д. Меѓутоа, не може секој да си дозволи купување на оваа намирница, па за тоа добра е веста дека витаминот Д може да се најде и во конзервираната туна и сардина.

Млеко

Веруваме дека нема да се зачудите што на оваа листа се најде намирницата со која пораснале многу генерации. Само имајте на ум дека млекото со помал процент на масти има и помалку витамин Д.

Јајца

polnet-jajca

Нормално, како и останатите намирници, ни со јајцата не треба да се претерува, а најдобри се оние органските и свежите, произведени на фарми каде кокошките се на отворено.

Свинско месо

Ако сакате месо, најдобар начин да го зголемите внесот на витамин Д е да јадете повеќе свинско месо. Во суштина местото генерално не е најдобар извор на овој витамин, но од сите видови на месо, свинското содржи најмногу.

Збогатени житарици

zitaricizbogateni54654

Претпоставуваме дека досега многу пати сте прочитале како житарките не претставуваат баш најдобриот избор за појадок. Но како и со останатата храна, се зависи од тоа како се храните и колку често ја консумирате оваа намирница. Доколку не претерувате, таа е одличен извор на нутриенти, вклучувајќи го и витаминот Д.

Шитаке печурки

За жал, витаминот Д не е мноу застапен во билниот свет, а исклучок не се ни печурките – од сите видови најмногу го содржат печурките шитаке. Едноставно ставете ги во омлетот и сте добиле вкусен оброк полн со витамин Д.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП