28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЉупчо Марковски тргнува во нова авантура со Работнички

Љупчо Марковски тргнува во нова авантура со Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички денеска ги почнува подготовките за новата сезона во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ имаат нов шеф на стручниот штаб и амбиции да реализираат многу поуспешна сезона од минатата која ја завршија на осмото место во Првата лига.

Љупчо Марковски Калц ја доби довербата на раководството да го предводи Работнички во новиот шампионат. Тој денеска ја изврши првата прозивка на фудбалерите, а потоа ќе биде одработен и првиот тренинг.

Засега ново име во редовите на Работнички е голманот Игор Алексовски, поранешниот младински репрезентативец, кој дојде од Ренова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП