18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси: Совршен крај на сезоната

Меси: Совршен крај на сезоната

Лионел Меси блескаше во победата на репрезентацијата на Аргентина против Естонија со 5:0. Еден од најдобрите играчи во историјата ги постигна сите пет гола за „гаучосите“.

Ова е вторпат во кариерата да ја погоди мрежата пет пати на еден меч. Првпат успеа во дресот на Барселона кога на Баер Леверкузен му даде пет гола во победата од 7:1 во натпреварот од Лигата на шампионите.

„Не можевме да замислиме подобар крај на сезоната. Ја победивме Финалисима, а сега ја победивме Естонија. Благодарност до сите што беа на стадионот во Шпанија и што ни дадоа неверојатна поддршка. Сега одиме на одмор, па ги продолжуваме подготовките за Светското првенство“, изјави Меси.

Аргентина нема пораз три години, последен пат „гаучосите“ загубија во 2019 година од Бразил. Аргентинците се во серија од 33 натпревари без пораз, јасно е дека во Катар ќе бидат меѓу фаворитите за светската титула.

Аргентина на СП е во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП