1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ75. ден војна во Украина: Гутереш згрозен од нападот на училиште на...

75. ден војна во Украина: Гутереш згрозен од нападот на училиште на истокот на земјата! Русија го одбележува Денот на победата над фашизмот

Русија денеска со голема воена парада во Москва ќе го одбележи Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна. 11.000 војници и 33 ешалони ќе продефилираат низ Црвениот плоштад во Москва, додека 77 борбени авиони и хеликоптери ќе летаат над нив.

Парадите ќе се одржат и во 28 руски градови, а ќе присуствуваат околу 65.000 луѓе, 2.400 единици вооружување и повеќе од 460 авиони. Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад ќе се одржи во специфични околности поради руската воена операција во Украина.

Гутереш згрозен од нападот на училиштето

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „згрозен“ од бомбардирањето на училиште во источна Украина во кое загинаа 60 лица, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, и побара цивилите да бидат поштедени, изјави денеска неговиот портпарол.

„Генералниот секретар е ужаснат од нападот на училиштето во Билогоривка, Украина, на 7 мај, каде што се чини дека многу луѓе побарале засолниште од тековните борби“, изјави портпаролот на генералниот секретар Стефан Дизариќ.

Гутереш повтори дека цивилите и цивилната инфраструктура секогаш треба да бидат поштедени за време на војната, додавајќи дека нападот е потсетник дека „во оваа војна, како и во многу други конфликти, цивилите ја плаќаат највисоката цена“.

По бомбашкиот напад на училиште во селото Билокоривка во областа Луганск во источна Украина во саботата, 60 лица кои се засолниле таму се водат како исчезнати, изјави вчера регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во тоа училиште загинале 60 лица.

Украинската армија: Можни ракетни напади, документи се одземаат кај Запорожје

Украинската армија денеска, непосредно пред почетокот на парадата за Денот на победата на Русија во Москва, предупреди дека постои „голема веројатност за ракетни напади“ и дека руските војници во подрачјата под контрола на Москва во Запорожје почнале да ги одземаат личните документи на локалното население без да дадат причина за тоа.

Украина соопшти дека руските војници заплениле документи за да го принудат локалното население да учествува на церемонијата по повод Денот на победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП