26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе успее ли земјава да и избега на стагфлацијата најавена во ЕУ?

Ќе успее ли земјава да и избега на стагфлацијата најавена во ЕУ?

Дел од земјите во Европската унија почнаа да ја наговестуваат појавата на стагфлација како последица од војната во Украина. Последниците веќе почнуваат да се чувствуваат, економиите во земјите забавуваат, цените растат.

Стагфлација- економистите најчесто овој економски поим го толкуваат како најсложена и најмалку посакувана појава која може да и се случи на секоја економија. Забавување на економскиот раст, а од друга страна раст на цените на енергенсите и храната ги става во незавидна позиција мерките кои треба да ги превземе монетарната и фискалната политика.   

„ Стагфлацијата како поим е најмалкупожелна во една економија, тоа е најлошата комбинација која што може да постои со намалено производство или намалување на БДП во услови на зголемени цени. Секако дека ние сега ќе имаме зголемени цени луѓето ќе побаруваат помалку, самите компании ќе произведуваат помалку, значи искористеноста на економијата ќе биде помала и тоа е трогателно може да влијање врз стапката на невработеност“, вели Шенај Хаџимустафа- Универзитетски професор.

За сузбивање на стагфлацијата потребни се балансирани мерки и од страна на Народната банка и од Владата. 

 „Монетарните власти ќе може да превземат мерки во насока на стабилизација на инфлацијата или политика со која ќе ја стабилизираат економската активност. Она што е ограничувачки во насока на фискалната политика е колку сега ќе може Владата да стимулира, не смее многу да стимулира зошто во овој период е потребно хармонизирано работење и на фикалната и монетарната политика, за и двете политика да дадат ефект на стабилизирање на инфлацијата, за во еден момент да можеме да се олабавиме во насока на мерките за економијата да оди напред.“

Дека земјава може да се соочи со стагфлација најави и министерот за економија Фатмир Бесими на економскиот форум. Се наговестуваат првите знаци на оваа појава бидејќи и Европските земји се сочуваат со висок раст на цени и стагнирање на економскиот раст.

„После кризата со ковид имаме ценовна криза и енергетска криза која влијае на пазарот на капитал. На европскиот пазар ние се соочуваме со предизвици и со први знаци на стагфлација. Не би сакал да го коментирам тоа како пад на економијата, но де факто дека сите проекции одат во надолна линија, тие се сигнали дека има раст на цените со што има ревидирање на првично предвидениот раст“, вели  Фатмир Бесими- Министер за финансии.

Светска банка во последните проекции за земјава ги намали очекувањата од 3,7 проценти на 2,7 проценти раст на бруто-домашниот производ за годинава. Стапката на инфлација до крајот на годинава ќе изнесува 5,5 проценти. Засега властите кај нас немаат нови проекции од првичните раст од 4,6 проценти до крајот на 2022 и стапка на инфлација од 2,4 проценти.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП