26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот пазар за нуклеарни ракети и бомби ќе надмине 126 милијарди долари...

Глобалниот пазар за нуклеарни ракети и бомби ќе надмине 126 милијарди долари до 2030-та

Светскиот пазар за нуклеарни ракети и бомби ќе надмине 126 милијарди долари за десет години, до 2030-та година, што е речиси 73% повеќе од 2020-та година. Ова го покажуваат податоците објавени во извештајот на „Allied Market Research“, пренесува „Reuters“.

Вредноста на пазарот ќе скокне за 72,6% од речиси 73 милијарди долари во 2020-та година, проценува компанијата.

Во 2020-та година, прераспределбата на средствата за поддршка на здравствениот сектор поради коронавирусот сериозно го погоди одбранбениот сектор, се вели во извештајот. Сепак, руската војна во Украина ги стимулира воените трошоци.

„Интензивирањето на геополитичките конфликти и поголемите воени буџети веројатно ќе ги зголемат годишните буџети за одбрана со вкупна годишна стапка од 5,4 отсто до 2030-та година“, се вели во извештајот.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела повика на рекорден национален одбранбен буџет во мирнодопски услови, кој ќе даде приоритет на модернизацијата на нуклеарната „тријада“ на подморници со балистички ракети, бомбардери и ракети земја-воздух, наведува „Reuters“.

Извештајот предвидува дека побарувачката за мали нуклеарни боеви глави, кои лесно може да се распоредат со авиони и ракети од земја, ќе стимулира побрз раст во овие сегменти, иако балистичките ракети со подморница (SLBM) сочинуваат четвртина од пазарот во 2020-та година.

Северна Америка ќе доминира повеќе од половина од светскиот пазар во 2020-та година, но извештајот предвидува дека најбрз раст ќе има во азиско-пацифичкиот регион, особено во Индија, Пакистан и Кина, кои го зајакнуваат својот нуклеарен арсенал.

„Сепак, меѓународните договори и конзорциуми ги попречуваат нуклеарните тестови“, се вели во извештајот.

Се предвидува зголеменото влијание на договорите за ненуклеарно ширење и националните напори да го зголемат бројот на складирани боеви глави или кои чекаат да се демонтираат.

Сепак, активното оружје зазема најголем удел, повеќе од две третини, од пазарот во 2020-та година поради инвестициите во нуклеарниот арсенал.

Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Соединетите Држави објавија заедничка изјава на почетокот на оваа година во која велат дека не може да има победници во нуклеарна војна и дека треба да се избегнува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП