Кинеско истражување кое чека научни прегледи откри сосема нов вид на коронавирус кај лилјаци и предупредува дека антителата кои штитат од вирусите САРС-КоВ-2 и МЕРС-КоВ нема да делуваат против овој нов вид.
Кинеските научници открија сосема нов вид на коронавирус и предупредија на потенцијалната закана за биобезбедноста што ја претставува вирусот. Овој нов вид е исто така подложен на мутации, може да се пренесе од животни на луѓе и не може вкрстено да се неутрализира со антитела насочени кон вирусот САРС-КоВ-2.
Кинеските научници, од кои повеќето потекнуваат од Универзитетот во Вухан, неочекувано открија дека видот NeoCoV откриен во Јужна Африка и неговиот близок роднина PDF-2180-CoV можат ефикасно да користат некој тип на ензим кој го конвертира ангиотензин 2 кај лилјаците (ACE2) и, понеповолно кај човечки ACE2 за влез во клетките.
SARS-CoV-2, првпат идентификуван во Вухан, а подоцна предизвикувајќи пандемијата COVID-19, исто така користи ACE2 за да влезе во човечкото тело.
Студијата на кинеските научници објавена во нецензурураното издание на научниот репозитор bioRxiv сугерира дека инфекцијата со овој нов вид, кој моментално ги таргетира лилјаците, не може да биде вкрстено неутрализиран со антитела насочени кон вирусите САРС-КоВ-2 или МЕРС-КоВ.
Кинеските научници признаваат дека природата на вирусот NeoCoV останува загадочна и предупредуваат на потенцијална закана за биобезбедноста за луѓето, со висока стапка на смртност и пренос.
Други неодамнешни студии, исто така спроведени од кинески научници, покажаа дека „предокот“ на варијантата омикрон, кој предизвика нов бран на инфекции ширум светот и сега е доминантен во многу земји, скокнал од луѓе на глувци, брзо акумулирајќи мутации кои го погодиле домаќинот и потоа повторно се вратил кај човекот.