2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакви права уживаат граѓаните на земјите во ЕУ

Какви права уживаат граѓаните на земјите во ЕУ

image-upload

Правата на работниците мигранти кои бараат работа во внатрешноста на земјите на ЕУ се регулирани со Регулатива за социјално осигурување. Така, работниците се заштитени од ризиците кои ги покрива регулативата, како што е здравственото, пензиското и социјалното осигурување.

Една од идеите која ја дефинира Европската унија е и системот на социјалната поддршка. Верувањето дека државата е одговорна за грижата за своите граѓани е раширено во сите семји членки и тоа стана еден вид на заедничка култура која постои во сите земји членки на ЕУ.

Поддршка за бремените студентки

Еве како тоа изгледа во Данска. Студентите кои редовно студираат можат да живеат во брачна заедница или вонбрачна заедница и да имаат деца, иако немаат работа, издржувањето на семејството им е овозможено со помошта од данската влада. Сите редовни студенти, студиите ги посетуваат потполно бесплатно и месечно добиваат стипендија која изнесува повеќе од 800 евра.

Децата на родителите студенти посетуваат градинка која се наоѓа во кампусот, а нивните родители студенти добиваат парична надомест која им служи како помош во издржувањето. На редовните студенти, владата им дава петгодишна поддршка, а студентите родители можат да добијат дополнителна поддршка од владата во време од 12 месеци, и тоа шест месеци за мајката и шест месеци за таткото. Со ваквата поддршка освен тоа што се поттикнува образованието, се поттикнува и наталитетот.

Системот за социјалната заштита и безбедност во Данска, како и во другите земји од Европската унија, обично вклучува бесплатна здравствена заштита, поддршка при долготрајна невработеност, грижа за бремените жени и привилегии за лицата кои се грижат за децата.

Осигурување при невработеност

Данските државјани кои живеат во земјата имаат различни категории на пензии, а по 67-та година имаат право на старосна пензија. Дополнителни пензии остваруваат оние кои работат најмалку девет саати дневно. Посебниот систем за дополнителни пензии е наменет за пензиите за вдовици-вдовци и деца на починати осигуреници. Со овој систем управува централното тело кое е повразано со Министерството за труд.

Здравствената заштита го опфаќа целото население, а со неа управуваат и ја финансираат регионалните и локалните органи. Здравственото осигурување е во надлежност на Министерството за здравство, а со фондовите за парични надокнади за болести и породилно боледување управуваат локалните органи. Општите родителски додатоци и останатите родителски додатоци исто така се во надлежност на локалните органи.

Осигурувањето при невработеност е доброволно, фондовите на ова осигурување се распределени според различни гранки, а централниот фонд е под надлежност на Министерството за труд.

Француските работници на улица

Францускиот систем за социјална помош главно не се разликува од данскиот, иако францускиот систем за социјална помош, во услови на економската криза, опстанува благодарение на нивниот висок кредитен рејтинг кој им овозможува подигнување на кредити со цел системот да го одржат стабилен и преку реформи да дојдат до нови решенија.

И навистина, владите на земјите во ЕУ воведуваат планови за штедење и намалување на потрошувачката со цел да го намалат националниот долг и да ја намалат државната потрошувачка. Ваквиот вид на реформи предизвика големи спротиствувања, и тоа не само во Грција. Германците се лути поради намалувањето на социјалната потрошувачка, во Франција илјадници граѓани излегоа на улиците поради поместување на границите за пензионирањето. Аргументот на Франција е опстанокот на ситемот за државни пензии.

Голем процент од социјалната помош во ЕУ оди за поддршка на пазарот на трудот, како и за давачките за невработените и за пензискиот систем. Во однос на стареењето на населението и продолжениот животен век, под финансиски притисок, границата за возраста за пензионирање се поместува нагоре.

Данска, се чини, пронашла решение во својот систем за „флексибилност и безбедност“ кој на работодавците им дава поголема слобода во процесот на отпуштање и вработување, а државата им дава поддршка на отпуштените во вид на пари и со можности за ново вработување.

Социјална заштита за сите граѓани

Системот за социјална помош во Европа подразбира посветеност кон целта за целосна вработеност, социјалната заштита за сите граѓани, социјалната вклученост и демократијата. Поради различниот фокус во различните европски земји, разликуваме четири социјални модели: нордиски, англо-саксонски, медитерански и континентален. Регулативите на ЕУ за социјалното осигурување „Regulations 1408/71 574/72“ ги координира правата на работниците емигранти кои бараат работа во внатрешноста на земјите од ЕУ. Тоа значи дека работниците се заштитени од ризиците кои ги покрива регулативата, како што е здравственото, пензиското осигурување, како и социјалното осигурување. Било кое правило од уставот за социјална бебедност кое важи во една земја, мора да важи и во останатите земји. Тоа значи дека работниците мора еднакво да бидат третирани како и секој друг жител на матичната земја.

Секако, дека е добро да се провери во земјата во која се бараат правата, како се тие регулирани, и која институција е надлежна за нив, како и со која законска регулатива се дефинирани остварувањата на права од системот за социјално осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП