Американските сили погодија три ирански нуклеарни постројки во „многу успешен напад“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Фордоу, „скапоцениот камен во круната“ на нуклеарната програма на Техеран, повеќе не постои.
По неколкудневно размислување, одлуката на Трамп да се придружи на израелската воена кампања против Иран го интензивираше конфликтот.
Неколку часа по нападот, Трамп се обрати до нацијата. Според него, утрово американското бомбардирање целосно уништи три ирански нуклеарни постројки, Натанц, Есфахан и Фордоу.
„Или ќе има мир или Иран ќе се соочи со трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во изминатите осум дена“, рече Трамп во говорот во Белата куќа, нарекувајќи го Иран „насилник на Блискиот Исток“.
„Доколку мирот не дојде брзо, ќе нападнеме други цели со прецизност, брзина и вештина“, додаде Трамп.
Иранскиот нуклеарен надзорник објави дека нема знаци на контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, објави Ројтерс.
Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки рано наутро во недела, целосно уништувајќи ги, според американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранските медиуми објавија дека по американските напади не се пронајдени траги од контаминација во областите околу нуклеарните постројки и дека нема опасност за жителите на околните градови, објави Ројтерс.
Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив по нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки, објави во неделата регулаторот за нуклеарна енергија на Саудиска Арабија на платформата X.