23 јуни, 2025
ПочетнаСВЕТГи донирал своите патики и стави уред за следење во нив: Беше...

Ги донирал своите патики и стави уред за следење во нив: Беше во целосен шок каде завршија!(ВИДЕО)

Инфлуенсер реши да започне интересен експеримент и да провери што навистина се случува со работите што луѓето ги донираат на Црвениот крст.

Тој ги зеде своите патики, во кои го беше скрил уредот за следење, и ги однесе во делот за донација на обувки. Не ни помислил колку брзо патиките ќе се појават на пат.

Веќе по неколку дена, благодарение на GPS сигналот, тој можеше да ја следи нивната рута, пишува Телеграф. Патиките тргнале од Германија за Австрија, потоа ја преминале словенечката граница, продолжиле низ Хрватска и конечно застанале во Босна и Херцеговина. Целото патување траело само шест дена, и на крајот стигнале во продавница за половни работи, каде што биле изложени за само 10 евра.

Заинтригиран, инфлуенсерот реши да тргне во потрага по своите патики. Тој купи билет, се качи во авионот и пристигна во продавницата. Со насмевка на лицето, ги пронајде своите патики – истите што лично ги донесе на добротворната акција.

Тој го прашал продавачот од каде ја набавуваат робата за продажба, на што му било кажано дека неговиот шеф работи во Германија и дека повеќето работи доаѓаат оттаму.

На крајот, инфлуенсерот отворено ја изрази својата збунетост и загриженост. Како е можно стоките наменети за помош на најранливите, како оние собрани за Црвениот крст, повторно да бидат ставени на продажба – и тоа без никаква индикација или предупредување до клиентите? Тој испратил официјално барање до Црвениот крст, но сè уште не е добиен никаков одговор.

На крајот, со платени 10 евра и покриени патни трошоци, си ги врати патиките, оставајќи отворени прашања за транспарентноста и контролата на хуманитарните донации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар