22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДимитров: Зголемувањето на цената на струјата до 10 отсто е нереално

Димитров: Зголемувањето на цената на струјата до 10 отсто е нереално

Најавата дека од први јанаури, цената на електричната енергија нема да поскапи повеќе од 10 проценти, за дел од енергетичарите е нереална и политичка одлука. Сметаат и дека непријавувањето на државните електрани на претходните неколку тендери на Унивезралниот снабдувач, е поради тоа што компанијата нема капацитет да ги покрие сите потреби од струја.

-Овие најави за зголемување на цената за најмногу до 10 проценти е политичка одлука, нереално е и не е економски производната цена. Пред четири години цената беше 41 евро за мегават час, сега 36 евра за мегават час. Нема логика. Производната цена во вакви услови мора да биде повисока. Нема пари, нема јаглен и не може да направат предвидувања, ниту за три , ниту за шест месеци, а не за 12 месеци, за тоа колку од потребите на струја би се покриле од домашно производство, вели за “Денар”, енергетичарот Константин Димитров.

По неколкуте пропаднати тендери, конечно ЕСМ понуди струја за домаќинствата за следните шест месеци. Според информациите, компанијата се јавила на двата тендера и за 60 и за 40 проценти од вкупно планираните потреби. Цената по која ЕСМ ќе ја продава својата струја на Унивезралниот снабдувач е 41 евро за мегават час, наместо  сегашните 36 евра. Според пресметките тоа е за околу 14  проценти повеќе. Оваа цена ќе важи за периодот од јануари до јуни. Инаку, производната цена на ЕСМ е една од главните критериуми за формирање на цената за граѓаните која ќе ја плаќаат по Нова Година.

Во меѓувреме и МЕПСО ги подготвува своите пресметки. Деновиве ќе ги достават до Регулаторната комисија за енергетика. Според информациите загубите во мрежата се исти како лани, но поради високите берзантски цени за да се покријат наместо 7 милиони како минатата година, ќе бидат потребни 23 милиони евра.

Најголем удел при формирање на цената за домаќинствата има ЕСМ, околу 40 проценти, Но, влегуваат и трошоците на Електродистрибуција, а најмалку учестввува преносниот систем Мепсо, со околу 3 до 4 процени во крајната цена. Регулаторна може да влијае на цените на Мепсо и на Електродистрибуција, но не и на производната цена на ЕСМ. Под знак прашалник е и евтината тарифа , која сега доста се користи.

Но, колку ќе и биде потребно на земјава да излезе од оваа криза, се ќе зависи од тоа колку ќе се вложат сите засеганти страни.

-Се ќе зависи од тоа колку ќе бидат сериозни за решавање на овој проблем. Има многу да се работи. Потребни се компетентни луѓе, знаење, но потребна е и брзина, да не се чека, додава Димитров.

За да се обезбедат потребните домашни количини на струја, за да не се прави голем увоз затоа што цените на надворешните пазари се многу високи, се одлучи, во следниот период  во погон да се стави и ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино. Се прават напори да се обезбедат потребните количини и на мазут и на јаглен за овие централи.

Во изминатиот период во набавките на струја кои ги правеше ЕСМ цената за мегават час достигнуваше и над 300 евра.

Во меѓувреме на светските берзи, цената на електричната енергија се уште е многу висока. Првичните најави се дека се очекува таа да се нормализира дури во втората половина идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП