25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите Французи однесоа победа од Скопје

Младите Французи однесоа победа од Скопје

Француската фудбалска репрезентација до 21 година, е на чекор од пласман на Европското првенство, откако во Скопје, тимот полн со фудбалски ѕвезди успеа да стигне до тешко извојувана 1:0 победа.

Во репрезентацијата на селекторот Силван Рипол имаше имиња како фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, младата ѕвезда на Лион, Рајан Шерки, Пјер Калулу од Милан, Вилијам Салиба од Марсеј и голманот на Лидс, Илан Меслие.

Сепак, момците на Драган Канатларовски се обидоа да одиграат рамноправно со силниот противник, а предводени од одличниот Давид Денковски на голот, успеаја да ги заддржат до 75. минута, кога Калулу го постигна победничкиот гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП