20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризна состојба без рестрикции, но да се внимава со трошењето струја

Кризна состојба без рестрикции, но да се внимава со трошењето струја

Прогласувањто на кризна состојба не значи дека мора да има рестрикции на струја, вака дел од енерегтичарите ги коментираат најавите за нејзино стапување на сила. За да може да се прогласи, уште минатата сабота, Владата за време на изборен молк донесе нова уредба. Според енергетичарот Александар Дединец, уредбата се носи со цел да може да се превземат чекори кои ќе помогнат во справување со последиците од оваа енергетска криза.

-Не треба да се прави паника, треба да бидеме претпазливи и затоа уредбата се носи и со подготвена легислатива да влеземе во некоја по сложена енергетска состојба. Сепак апелирам до граѓаните разумно да ја трошат струјата, и сега сите да му помогнеме на енергетскиот систем, вели за Денар Дединец.

Според Констатин Димитров земјава одамна е влезена во кризна состојба, а тоа го покажува уредбата и сите нејзини параметри кои ја сочинуваат и тоа во последна петта фаза. Се доцни и со носењето на оваа уредба.

-Веќе имаме елементи, кризна состојба требаше да се прогласи пред неколку дена, доцна е, повторно доцниме, вели Констатин Димитров.

Димитрво со забелешки и за дел од параметрите во уредбата. Смета дека рестрикциите кои се предвидени се во погрешен временски период

-Ако дојде до тоа,  јас не ја гледам потребата од рестрикции во текот на ноќта, затоа што тогаш потрошувачката е мала, а големата побарувачка е во текот на денот, додава Димитров.

Од министерството за економија пак соопштуваат дека уредбата се носи за да може да се превземат сите дејствија потребни за справување со оваа криза. Според  текстот во уредбата, кризна сосотјба се прогласува кога земјава има недостаток на струја поради, хаварија, временски непогоди, нарушување на пазарот со струја. А доколку има потреба од рестрикции, прво се гаси уличното осветлување и светлечките реклами.

Комисијата за кризна сотојба е веќе формирана и во вторник на владина седница ќе достави барање за нејзино стапување во сила. Рестицкии нема да има. Се носи за да се покријат загубите на енергетските компании и ако има потреба да се направи увоз на струја.

Засега на располагање се околу 100 милиони евра, пари кои останаа неискористени од Ковид мерките. Од Мепсо веќе  соопштија дека имаат потреба од финансиска помош од 30 милиони евра. Исто така и ЕСМ има потреба од дополнителни средства за да го плати јагленот кој се увезува.

На тендерот се пријавија 9 компании-две домашни и фирми од Албанија, Косово, Турција и БИХ. Според плановите 900 илјади тони јаглен кои ќе се увезат во земјава ќе се транспортираат со камиони. Од каде ќе се внесува ќе се знае до крајот на следната недела. Не се планира да се складираат залихи, ќе се внесува онолку колку што е потребо во текот на денот.

Првите количини се очекува да стигнат на почетокот од декември. Сепак според експерите траснпортот ќе биде многу сложен.

-Како мислат да се изврши тој транспорт. Ако еден камион е на пример со капацитет за 25 тони, за да се задоволат дневните потреби ќе требаат над 300 камиони во денот да влегуваат и да вршат транспорт до РЕК. Многу е важно и каков јаглен ќе се внесе, тој треба да одговара на капацитетот кој го имаат нашите блокови во централата, вели Димитров.

Од работата на РЕК Битола ќе зависи  дали ќе биде во фунцкија ставен и ТЕЦ Неготино. Централата не работела повеќе од 10 тина години но надлежните велат дека е во добра состојба.  Од друга страна пак Рек Битола во моментов работи со два блока, но не се користи нивниот целосен капацитет. Затоа експерската јавност апелира оваа кризна состојба  да биде поука за тоа какви чекори во секторот треба да се преземат во следниот период. Сите историски проекти меѓу кои и Луково Поле, Чебрен исто и гасифицирањето на ТЕЦ Неготино да почнат полека да се реалзираат затоа што државата има потреба од нови капацитети и секако да се зголеми искористеноста на обновливите извори на струја.

Во меѓувреме цената на светските берзи се уште е многу висока, до 200 евра за мегават час. Се очекува постепено стабилизрање да има дури во втората половина следната година, а до тогаш апелите се состојбата будно да се следи, зашто ни престои тешка зима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП