18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо со ново бизнис-партнерство со газдата на Валенсија, Петер Лим

Роналдо со ново бизнис-партнерство со газдата на Валенсија, Петер Лим

Кристијано Роналдо и сингапурскиот бизнисмен Петер Лим веќе не се само добри пријатели, туку се и блиски бизнис партнери, откако го објавија новиот бизнис со име „Зују ГП“.

Компанијата на Лим, „Минт медија“ повеќе години е носител и администратор на правата на ликот на Роналдо, освен на тие кои се поврзани со клубот со кој игра португалецот. Сега, нивното партнерство се зголемува со платформа која треба да ги обедини фудбалот, технологијата и комуникациите.

„Никогаш нема да го гледате фудбалер на ист начин. Поврзете се со Зују ГП и почнете го овој пат со нас“, се вели во објавата на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП