27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои компании инвестира Саудиска Арабија: Од Фејсбук до Фајзер

Во кои компании инвестира Саудиска Арабија: Од Фејсбук до Фајзер

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија на чело со престолонаследникот принцот Мохамед Бин Салман стана нов сопственик на фудбалскиот клуб од англиската Премиер лига, Њукасл Јунајтед.

Некои фудбалски фанови се загрижени за угледот на Саудиска Арабија поради кршење на човековите права.

Она што некои луѓе, кои се противат на преземањето, можеби не го сфаќаат тоа, дека веројатно постојано ги користат производите на компании во ко-сопственост на Саудискиот Арапски фонд за јавни инвестиции (ПИФ).

Тоа се компании како Волт Дизни, Убер, Фејсбук, Старбакс, па дури и производителот на вакцини против коронавирус Фајзер. Ова се само некои од компаниите кои добија стотици милиони долари од ПИФ, кој е нов сопственик на 80 проценти од Њукасл.

Податоците на американската Комисија за хартии од вредност од минатата година покажаа дека инвестициите на ПИФ на американските пазари пораснаа на 9,8 милијарди долари преку 24 фирми до крајот на првиот квартал од 2020 година.

ПИФ купил акции на Боинг во вредност од 713 милиони долари, по 522 милиони долари во Ситигруп и Фејсбук, 494 милиони долари во Волт Дизни, 487 милиони долари во Банката на Америка…

Фондот купи и удели во синџирот хотели „Мериот“, „Беркшир Хатавеј“ (чиј најголем сопственик е Ворен Бафет), и во британската нафтена компанија БП. Тој, исто така, инвестираше во фармацевтската компанија „Фајзер“.

ПИФ во основа е државна штедна сметка на саудиската влада. Најголем дел од парите доаѓаат од нафта што Саудиска Арабија ја продава низ целиот свет. Но, нафтата не трае вечно, па Фондот мора да најде нови начини како да заработи пари на долг рок.

-Тие се обидуваат да ја диверзифицираат својата економија или да ја направат одржлива без нафта и гас – вели финансискиот експерт, професор Сајмон Чедвик.

Сајмон смета дека ПИФ, исто така, планира да инвестира големи средства во ветерници во североисточниот дел на Велика Британија.

Претседателот на ПИФ е престолонаследникот Мохамед бин Салман, син на кралот на Саудиска Арабија.

Бин Салман, кој има 36 години и е познат како МБС, ја предводи саудиската влада. Тој е обвинет дека наредил убиство на Џамал Кашоги, новинар кој ги критикуваше саудиските власти.

Во извештајот на ОН за 2019 година се наведува дека „државата Саудиска Арабија е одговорна“ за смртта на Џамал Кашоги. Владата на Саудиска Арабија отсекогаш го негираше тоа.

Во исто време, МБС се обиде да покаже дека е реформатор во ултраконзервативното кралство и им дозволи на жените да возат – нешто што не беше дозволено пред да дојде на власт, а спроведе и други реформи.

Преземањето на Њукасл, во вредност од околу 300 милиони фунти, е само дел од вкупната инвестиција на ПИФ, која се мери во стотици милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП