24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ помеѓу континуираниот економски стимул и ризикот од инфлација

ЕЦБ помеѓу континуираниот економски стимул и ризикот од инфлација

Европската централна банка (ЕЦБ) оваа недела ќе се соочи со тежок предизвик, како да го намали својот главен монетарен стимул, без да го загрози економското закрепнување и да го потресе пазарот на државни обврзници, особено во јужните европски земји, кои се најранливи корисници на заеми.

ЕЦБ во четврток треба да одлучи за понатамошната имплементација на пандемиската програмата за итно купување на обврзници(PEPP) од 1.850 милијарди евра, која беше започната за да ги спаси финансиските пазари од кризата. Одборот на директори на ЕЦБ е поделен во врска со продолжувањето и обемот на стимулот, поради заканата од зголемена инфлација, пренесува Today UK News, повикувајќи се на Financial Times.

Тешките конзервативни струи, таканаречени „јастреби“, предупредуваат дека инфлацијата ќе продолжи да ги надминува очекувањата, поттикната од тесните грла во синџирите на снабдување, зголемената побарувачка и зголемената потрошувачка на домаќинствата. Тие стравуваат дека ако одговорот на ЕЦБ е премногу бавен, тоа подоцна може да доведе до нагло заострување на мерките за да се спречи прегревање на економијата.

Иако „јастребите“ се малцинство, тие станаа погласни откако БДП на еврозоната порасна за два проценти во вториот квартал годинава, што е повеќе од растот на БДП во Кина и САД за прв пат од почетокот на пандемијата. Исто така, инфлацијата се зголеми на три проценти во август, што е највисоко ниво во последните 10 години и значително повеќе од два проценти, што е и целта на ЕЦБ.

ЕЦБ ќе ги објави ажурираните прогнози во четврток, а повеќето аналитичари очекуваат да ги зголемат прогнозите за инфлација за оваа и веројатно следната година, иако веруваат дека инфлацијата нагло ќе падне во 2022 година и ќе остане под 2% до 2023 година, што е целта на ЕЦБ. Дебатата за патеката на инфлацијата ќе биде клучна при одлучувањето за стимулации преку купување на обврзници по завршувањето на PEPP следната година.

Аналитичарите на Barclays проценуваат дека од макроекономски аспект, најважно не е колку ќе се намали откупот во рамките на PEPP, туку што ќе се случи со откупот на обврзниците по истекот на рокот на PEPP, како и што се очекува од инфлацијата. Економистите веруваат дека засега има малку знаци дека повисоките плати ја стимулираат инфлацијата, иако надоместоците за дефицитарни работни места во услужниот сектор се зголемени во Берлин и Париз.

Додека другите големи централни банки, како што се Федералните резерви на САД (ФЕД) и Банката на Англија, се подготвуваат да го намалат откупот на средства на нула, ЕЦБ најверојатно ќе продолжи да купува обврзници преку традиционалната програма за откуп од 20 милијарди евра месечно. Се очекува неговиот волумен да биде двојно или тројно зголемен по завршувањето на PEPP.

Според анкетата на економистите спроведена од Ројтерс, 42 проценти од испитаниците рекле дека очекуваат ЕЦБ да објави намалување на обемот на откуп на обврзници по итна програма на претстојниот состанок, но дека ќе продолжи да купува обврзници до 2024 година, а веројатно и подолго, преку својата главна програма за откуп, известува FXStreet.

„Ја пратиме инфлацијата во еврозоната, треба да ја пратиме многу прецизно, но без да донесеме предвремени заклучоци“, рече еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Тој оцени дека одлуката за драстично намалување на откупот на обврзници ќе биде голема грешка, бидејќи постои консензус „дека оваа инфлација се уште е привремен феномен“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП