4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако земјите го решаваат проблемот со дебелината?

Како земјите го решаваат проблемот со дебелината?

fat people

Една не толку радосна констатација: Светот старее и се дебелее, особено развиените земји. Во последните децении проблемот со прекумерната тежина од естетски, стана здравствен, социјален и економски проблем.

Растат трошоците за здравје, како последица на болестите поврзани со дебелината. Па поради  тоа Властите беа принудени да се реши проблемот со дебелите граѓани нормално со геополитичките и економски стратегии. Еве како го постигнуваат тоа во различни земји:

1. Јапонија.

Јапонија многу успешно го реши проблемот со прекумерната тежина и сега размислува како луѓето кои живеат подолго да не го уништуваат нејзиниот здравствен систем. Во земјата процентот на луѓето со прекумерна тежина е околу 3,5 проценти. Тоа делумно се должи на самата традиција на земјата, делумно на законот, кој го одредува максималниот износ на половината на граѓаните. Во 2008-та година беше усвоен закон под името „Метабо“, според кој максималниот износ на половината за возрасни не смее да надмине 90 инчи кај жените и 85 инчи кај мажите на возраст меѓу 40 и 74 години. Оние граѓани чија половина е спротивно на законот, задолжително мораат да посетуваат нутриционисти и да извршуваат збир од мерки за намалување на тежината. Локалните здравствени власти дури имаат право да го казнат сторителот.

2. Кина.

Кинезите ја користеле акупунктурата за борба против дебелината од векови. Истражување нарачано од медицински установи во Хонг Конг покажува дека оваа техника навистина функционира.

3. Нов Зеланд.

Во Нов Зеланд, еден од четворица возрасни страда од дебелина, па земјата почна да ги одбива оние кои имаат премногу „багаж“ по телото. Имиграционата служба бараат оние кои сакаат да живеат во земјата да ги поминат задолжителните медицински преглед, и на својата интернет страница се наведува дека нивната тежина е поврзана со долгорочните ризици за здравјето.

4. Дубаи.

На 19-ти јуни владата на Дубаи започна специјална програма – граѓаните добиваат финансиска поддршка, ако ја намалат тежината. Учесниците во програмата кои ќе загубат два или повеќе килограми, до 16-ти август – крајот на Рамазан, добиваат надомест во форма на злато, поточно изедначување на килограмите кои ги симнале. Тројца учесници, ослабеле повеќе од сите други, па тие ќе добијат и златни монети во вредност 5.500 долари.

5. САД.

Во САД слабеењето е бизнис и тоа профитабилен – од фитнес програми, диететски режими до хирургија, па така секој може да го најде својот пат до намалувањето на килограмите. Колку тоа е ефикасно? Оваа година САД му го препушти првото место во листата на дебелите нации на Мексико, но се уште се далеку од решение на проблемот. Една од терапиите која најмногу ветува во моментов е „правосмукалка“ за желудникот – кај неа се имплантира цевка во стомакот, поврзана со т.н. „кожна порта“, што на крајот им овозможува да се пумпа до 30 проценти од потрошувачката на храна, пред да биде проголтана.

6. Европа.

Во Европа обично ги решаваат проблемите со даноци. Во 2010-та година Владата на Данска стана првата во Европа што воведе данок на бонбоните, чоколадото и сладоледот (25 проценти). Во Германија – европската нација со највисок процент на дебели луѓе, се обидоа да воведат данок за „дебели“, откако податоците покажаа дека годишниот трошок за лекување на пациенти со прекумерна тежина на земјата изнесува 21,7 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП