8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем дел од амдминистративците добија К -15, на останатите ќе...

Најголем дел од амдминистративците добија К -15, на останатите ќе им се исплати по изборите

На над 20 илјади административци почнаa  да им легнуваат парите од регресот за годишен одмор или таканаречениот  К -15.  На вработените  во министерствата, Владата, судовите, јавните обвинителства, агенциите фондовите и во дел од општините, им се исплаќаат по 9.000 денари. Им следува на сите оние вработени кои работеле најмалку шест месеци во календарската година кај работодавецот исто така и на оние кои во текот на годината се вработиле кај друг работодавец кој е опфатен со овој колективен договор. 

-На голем дел од овие работници парите  им се исплатени до 6 август, денот кога и беа распишани локалните избори. Оние кои се уште не го добиле регресот, парите ќе им легнат веднаш по завршување на изборите во октомври, односно до крајот на годината. Но важно е дека по долго време, по повеќе од 20 години, овие вработени повторно имаат К – 15, вели за Денар Пеце Грујовски,  претседател на УПОЗ.

Од синдикатот велат регресот за овие вработени е договорен со колективен договор кој важи до февруари следната година, кога и истиот ќе биде продолжен.

-Останува 2020 година, но УПОЗ заедно во координација со сите засеганти страни, бара начин и решение како да не се реши оваа  преку судски пат. Ние ќе бараме во следниот период висината на регресот да биде како во приватниот сектор, каде достигна и до 16 илјади. Но ние сме сега задоволни и со оваа сума од најмалку 9.000 денари, Сепак останува да преговараме и понатаму, додава Грујовски.

Исплатата на регресот и за јавната администрација доаѓа во време на пандемија, по долги преговори на синдикалците и Владата. Средствата се обезбедени со ребаланс на буџетот, односно со новото прeкројување на државанта каса. За исплата на К-15 на овие работници од буџетот ќе бидат потрошени околу 4 милиони евра.

Иако во јавноста имаше низа реакции за оваа одлука, главно зашто доаѓа во време на криза поради  коронавирусот, од синдикатот потенцираат дека речиси 95 отсто од вработнеите во државната админситрација имаат плата под републичкиот просек.

-Со порасотот на минималецот вработените од категорија Г4 и Г3 ( вработени со најниски занимања), земаат плата под минималната бидејќи во многу средини не се почитува. Законот за исплата на минималната плата и нејзиниот пораст не влијае врз платите на другите категории  вработени. Со следното зголемување на најниската плата која најверојанто би била над 15 илјади денари скоро 50 проценти од вработените ќе земаат помала од минималната. Според постојанат систематизација речиси во сите инситуции има непополнети работни места, ова е став и на министертвото за инофрматичко општество, вели Грујовски.

И од Владата тогаш посочија дека ваква одлука мора да има за да не се соочат со тужби. 

Пред неколку дена со уредба, државата донесе одлука на основната плата која ја земаат  работниците во јавната администрација да добиваат и додаток на оваа плата. Но ова би важело за оние вработени кои имаат зголемен обем на работа или пак се дел од кризни ситуации како оние кои беа на најголем удар од ковид вирусот. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП