27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФабриката за чипови на „Intel“ во ЕУ може да биде во неколку...

Фабриката за чипови на „Intel“ во ЕУ може да биде во неколку земји

Американскиот производител на чипови „ Intel“ објави дека инвестицијата во новата европска фабрика за полупроводници во износ од 20 милијарди долари може да биде дистрибуирана во неколку земји од блокот, бидејќи компанијата се обидува да добие финансиска и политичка поддршка од блокот за проектот.

Пат Гелсингер, извршниот директор на групата, неодамна се состана со францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги за да разговараат за глобалниот недостиг на чипови што ги погоди индустриите во Европа и низ целиот свет.

Неговата посета следува по сигналите од ЕУ дека може да се направат значителни суми за да се постигне новата цел на блокот, двојно зголемување на производството на полупроводници на 20% од светскиот пазар до 2030-та година, вклучително и производство на најсовремени чипови.

Раководството на производителот на чипови за медиумите изјавија дека може да има „придобивки ширум ЕУ“ доколку се исполнат барањата на „Intel“ за нова европска фабрика за производство, зголемувајќи ја можноста за проширување на капацитетите и услугите за поддршка на чипови низ земјите-членки.

„Можеме да организираме производство на едно место, а пакување на друго“, рече Грег Слејтер, потпретседател на глобалните регулаторни работи на „Intel“, дел од тим кој ги истражува можностите за проширување во Европа.

Истражувањата и развојот исто така можат да бидат споделени меѓу земјите на ЕУ, додека трошоците на европските добавувачи би се зголемиле „драстично“.

„Ние сме во добра позиција да го претвориме овој проект во екосистем, не само во неколку изолирани патеки во една земја-членка. Веруваме дека ова е проект што ќе и користи на Европа како целина“, додаде тој.

Покрај финансиската поддршка, „Intel“ бара парцела од 4.000 хектари со добро развиена инфраструктура што може да поддржи до осум објекти за производство на чипови, како и пристап до квалификуван персонал. „Intel“ истражува пазари во Германија, Холандија, Франција и Белгија. Одлука се очекува до крајот на годината.

Првично, ќе се градат две фабрики во вредност од околу 20 милијарди долари. Вкупната инвестиција може да надмине 100 милијарди долари.

Француските власти велат дека „Intel“ сака да ја донесе во Европа напредната чип технологија од 10 нанометри или подобро. Продолжува дебатата дали ова ќе ги задоволи потребите на европските клиенти, кои во моментов се потпираат на позрели технологии.

Државната помош ќе биде клучна за да се обезбеди конкурентност на централата. Француските власти исто така велат дека гигантот е заинтересиран за екосистемот, за локацијата на објектот, не само за парите.

Тиери Брутон, комесар за трговија на ЕУ за индустриска стратегија, вели дека Европа на крајот мора да се стреми кон производство на најсовремени чипови со 2 нанометри. Сепак, неговата амбиција предизвикува страв дека Европа може да изгуби пари со оглед на високата цена и сложеноста на производството на напредни полупроводници.

„Intel“ инвестира 20 милијарди долари во две нови постројки во САД и уште 7 милијарди долари за двојно зголемување на капацитетот во Ирска, како дел од повеќегодишната стратегија за достигнување чекор со азиските полупроводнички гиганти „TSMC“ и „Samsung“. Компанијата планира да го започне најсовременото производство на чипови од 7 нанометри на ирската локација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП