27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСнабдувањето со литиум, кобалт и никел е загрозено од наметнувањето на електрични...

Снабдувањето со литиум, кобалт и никел е загрозено од наметнувањето на електрични возила

Бидејќи светот се движи кон построги цели за намалување на јаглеродот, делумно со укинување на моторите со внатрешно согорување, се очекува побарувачката за литиум, кобалт и никел, витални метали за батериите на електричните возила, значително да порасне, што создава предуслови за недостиг, пишува „Reuters“.

Високите цени на литиумот не успеваат да ги охрабрат инвеститорите да градат нов производствен капацитет поради пониските договорени долгорочни цени. Проблемот со снабдувањето со кобалт е поврзан со фактот дека тој се екстрахира главно како нуспроизвод од производството на бакар.

Литиум

Батериите за електричните возила можат да користат литиум карбонат или литиум хидроксид, но индустријата обично зборува за еквивалент на литиум карбонат, кој ги содржи обете соединенија.

Цените на литиумот на пазарот се зголемија за повеќе од 12.000 долари за тон, повеќе од двојно од нивото што беше забележано во ноември минатата година, „Benchmark Mineral Intelligence“ (BMI).

Овие нивоа се доволно високи за да стимулираат инвестиции во нови капацитети, но годишните или долгорочните договори потпишани во последниот квартал од 2020-та година сѐ по пониски цени, а тоа претставува пречка.

Џорџ Милер од „BMI“ предвидува дефицит на литиумот од 25.000 тони во оваа година и очекува уште поголем акутен недостаток во 2022-ра година и потоа.

„Освен ако не видиме значителни и претстојни инвестиции во големи, комерцијално исплатливи наоѓалишта на литиум, овој недостиг ќе продолжи до крајот на деценијата“, рече Милер.

Фактот дека повеќе од 60% од капацитетот за обработка на литиум се наоѓа во Кина е загрижувачки, бидејќи тоа може да претставува ризик за синџирите за снабдување со електрични возила во други региони, како што се САД и Европа.

Аналитичарите на „Roskill“ проценуваат дека побарувачката за еквивалент на литиум карбонат ќе порасне за повеќе од два милиони тони до 2030-та година, што е околу 4,5 пати повеќе отколку во 2020-та година.

Кобалт

Содржината на кобалт во батериите значително се намали во последниве години, но зголемената продажба на електрични возила ќе доведе до зголемување на побарувачката за овој метал.

Според „Roskill“, побарувачката за кобалт ќе се зголеми на 270.000 тони до крајот на деценијата од 141.000 тони во 2020-та година.

Проектите за екстракција со киселини под висок притисок (HPAL) во Индонезија ќе помогнат да се покрие дел од недостигот. Сепак, проблемот останува, бидејќи кобалтот главно се екстрахира како нуспроизвод.

„Тешко е да се инвестира во специфичен капацитет за кобалт, бидејќи тоа е нуспроизвод. Нема механизам во кој понудата одговара на побарувачката и цените“, рече Џорџ Хепел, консултант во „CRU“.

Лидерот во трговијата со суровини „Glencore“ очекува неговиот рудник во Демократска Република Конго, Катанга, да произведе 30.000 тони кобалт во оваа година.

„CRU“ предвидува дека побарувачката за кобалт за секторот за електрични возила ќе изнесува повеќе од 120.000 тони, или скоро 45% од вкупниот минерал, до 2025-та година, во споредба со скоро 39.000 тони, или 27%, во 2020-та година.

Никел

Загриженоста за снабдувањето со никел за хемикалиите во батериите се зголемува откако кинеската хемиска компанија „Tsingshan Holding Group“ соопшти дека учествува во производство на хемикалии за батерии за електрични возила.

Од „Macquarie“ очекуваат проектите во Индонезија да додадат производствен капацитет помеѓу 400.000 и 600.000 тони никел годишно.

Светските резерви на никел се проценуваат на околу 2,6 милиони тони во оваа година. Околу две третини од нив ќе ги користат челичните компании, од кои повеќето се наоѓаат во Кина, додека електричните возила сочинуваат помалку од 10% од потрошувачката на минералот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП