И оваа година, по петти пат, A1 Македонија ја реафирмира својата посветеност кон поддршката на младите таленти, преку уникатната платена програма за пракса, A1 WayUp. Програмата нуди извонредна можност за најперспективните студенти да го направат првиот чекор во својата професионална кариера, во рамки на некои од најдинамичните и значајни области:
автоматизација, анализа и визуелизација на податоци, развој на платформи, IT инфраструктура, сајбер безбедност, технички сервиси, ИКТ решенија, корпоративни комуникации, бизнис трансформација и човечки ресурси.
Програмата започнува на 1 октомври 2025 година и трае шест месеци со полно работно време ,40 часа неделно. Учесниците ќе бидат целосно интегрирани во работниот процес на A1, ќе работат на реални и иновативни проекти и ќе имаат континуирана поддршка од искусни ментори и експерти од својата област. Како дел од тимот, ќе уживаат бенефиции еднакви на оние на сите вработени во компанијата.

