19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриза, а милијардерите стануваат побогати: Рекордери - Швајцарците

Криза, а милијардерите стануваат побогати: Рекордери – Швајцарците

Ниту една криза никогаш не ги изостри разликите меѓу богатите и сиромашните колку оваа, пандемиската.

Минатата година во светот се појавија повеќе од пет милиони нови милионери, и покрај економската катастрофа предизвикана од затворањето на пазарот поради коронавирусот, а милијардерите ја зголемија вредноста на своите средства за дури 27 проценти.

Третина од новите богати доаѓаат од САД. Уделот на 10 проценти од најбогатите порасна за 0,9 проценти, а индексот на „Џини“, кој ја мери нееднаквоста во приходите, за 0,6 поени.

Зголемувањето на нееднаквоста, во 2020-та година беше најголемо од било која година во овој век. Ова се податоците на новиот извештај за глобалното богатство, подготвен од аналитичарите на „Кредит Свис“.

Извештајот покажа дека бројот на милионери е зголемен за 5,2 милиони, така што сега има 56,1 милиони од нив во светот, нивниот удел е зголемен за околу 1,1 процент од возрасните.

Во исто време, околу 2,9 милијарди луѓе, околу 55 проценти од возрасните, имаат имот помал од 10.000 американски долари.

На растот на богатството на најбогатите влијаеја највисоките економски политики, пред се, политиката на ефтини пари на централните банки (ниски каматни стапки), што потоа се одрази на цените на берзите и цените на недвижностите, а тоа се главните параметри кои економистите ги земаат при предвид на богатството.

Рекордер Швајцарија

Сето ова, вклучително и владините интервенции за компензација на приходите, беше платено од растот на јавниот долг, кој се зголеми за 20 процентни поени во однос на БДП-то.

Во овие неизвесни времиња, создавањето на богатство се покажа како целосно имуно на предизвиците со кои се соочува остатокот од светот, најмногу поради постапките на централните банки и владите.

Иронично, вкупното светско богатство порасна за околу 7,4 проценти, а богатството по возрасен за шест проценти, достигнувајќи рекордни 79.952 долари во Швајцарија. Во исто време, земјите најпогодени од пандемијата воопшто не поминаа лошо во создавањето богатство.

„Пандемијата имаше акутно краткорочно влијание врз глобалните пазари, која во голема мерка беше избришана до крајот на јуни 2020-та година. Глобалното богатство не само што остана стабилно во услови на такви превирања, туку, всушност, брзо се зголеми во втората половина на годината“, коментира Ентони Шорокс, економист во „Кредит Свис“, авторот на извештајот кој верува дека со текот на времето, со растот на каматните стапки, вредноста на средствата ќе се прилагоди надолу.

Погодени и депресивни

За 20 години, бројот на луѓе со средства во вредност од 10.000 до 100.000 американски долари е зголемен за три пати, од 507 милиони во 2000-та година на 1,7 милијарди во средината на 2020-та година, претежно во земјите во развој како Кина.

Во исто време, богатството на оние со средства во вредност од најмалку 1 милион американски долари е скоро четирикратно зголемено на 191,6 милијарди долари, додека нивниот удел во глобалното богатство се зголеми од околу 35 на 46 насто.

Меѓу одделните земји, најголем победник е Швајцарија, каде богатството по возрасен најмногу се зголеми, на рекордни 79.729 долари, по што следи Австралија со 65.695 долари, во Белгија и Шведска оваа бројка надминува и 50.000 долари, а во Германија, Холандија и САД е повеќе од 40.000 долари.

Додека во тие земји, растот на вредноста на имотот беше под влијание на цените на недвижностите и акциите, во Бразил, Чиле и Русија, амортизацијата на валутата влијаеше на падот на вредноста на богатството по лице, но за помалку од 10.000 долари.

Најлошо беше Хонг Конг со пад од 26.419 долари, следен од Обединетите Арапски Емирати со 18.540 УСД и Саудиска Арабија со малку пониска бројка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП