27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈокиќ, Кари, Ембид – Кој ќе биде МВП?

Јокиќ, Кари, Ембид – Кој ќе биде МВП?

Никола Јокиќ, Стеф Кари и Џоел Ембид, се кандидатите за МВП на регуларниот дел на сезоната, во НБА лигата. Името на победникот НБА ќе го објави на 28.јуни.

Апослутен фавори во оваа конкуренција е центарот на Денвер Нагетс, Јокиќ.

Српскиот репрезентативец ги одигра сите натпревар за Денвер во регуларниот дел од сезоната. Јокиќ на 72 натпревари има просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции.

Стеф Кари пропушти девет натпревар, сезоната ја заврши како најдобар стрелец. Кари има просек од 32 поени, 5,5 скока и 5,8 асистенции.

Ембид, во текот на сезоната се соочи со неколку повреди, поради што одигра 51 натпревар. Камрунецот сезоната ја заврши со просечни 28,5 поени и 10,6 скока по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП