20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку може нафтата да поскапи?

Колку може нафтата да поскапи?

Ревизијата на цената на нафтата започна претпазливо: некои банки изјавија дека очекуваат цената на референтниот Брент да достигне просечна годишна вредност од 65 американски долари за барел, додека други се приближуваа многу посмело.

Само пред неколку месеци овие прогнози звучеа прилично оптимистички за случајните учесници на пазарот, со оглед на бавното ширење на вакцините против Ковид-19, континуираната презаситеност на нафтените пазари и појавата на нови варијанти на коронавирусот во различни делови на светот.

Сега банките и трговците зборуваат за цената на Брент од 100 долари за барел. Се разбира, главната причина за ова е падот на производството на нафта во Соединетите држави, предизвикано од студеното време во Тексас на почетокот на овој месец. Намалувањето на производството се покажа како позначајно од падот на производството предизвикано од пандемијата во 2020-та година и ќе биде потребно време пред да се продолжи со дупчење, ако воопшто има.

Сепак, побарувачката исто така стабилно закрепнува на некои клучни пазари, пред се во Кина. Ова закрепнување во голема мера го неутрализира побавниот раст на побарувачката на нафта во Соединетите држави и Европа.

Економските стимулации исто така играат важна улога тука. Трилиони долари се инјектираат во деловните субјекти и домаќинствата во надеж дека ова ќе помогне побрзо да се врати економијата на својот пат на раст. Ревизијата на предвидувањата на цената на нафтата брзо го одрази оптимизмот по предлогот на претседателот Џо Бајден за стимулативен пакет од 1,9 трилиони долари.

За пакетот помош се уште се расправа во Конгресот и може да се намали, но што се однесува до нафтата, тој веќе ја заврши својата работа.

Банките, Федералните резерви и Министерството за финансии на САД очекуваат брзо закрепнување на економијата, поддржана од новите стимулации, а брзото закрепнување секогаш вклучува закрепнување на побарувачката на нафта, бидејќи луѓето почнуваат да патуваат повеќе.

Во овој контекст, не е изненадувачки што на почетокот на оваа недела, „Bank of America“, „Socar Trading“ и „Energy Aspects“ изјавија дека цената на Брент може да се искачи на 100 долари за барел во следните две години. Според „Socar Trading“, Брент може да се искачи на 80 долари за барел до летото. Бидејќи снабдувањето останува ограничено, цената на сортата може да се искачи на 100 долари за барел, изјави за „Bloomberg“ главниот комерцијален директор на комапнијата од Азербејџан, Хајал Ахмадзада.

Се разбира, очекувањата за обновување на побарувачката допрва треба да бидат потврдени или побиени надвор од Кина, покренувајќи го прашањето за дополнителни барели што наскоро ќе дојдат од Саудиска Арабија, можеби Русија и можеби Иран. Бидејќи производството во САД е сè уште депресивно, вклучувањето на дополнителна понуда од овие земји може да не влијае веднаш врз цените. Но, уште неколку милиони барели на ден, секако, ќе направат одреден притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП