18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку заработува популрниот Зизу од една објава на Инстаграм?

Колку заработува популрниот Зизу од една објава на Инстаграм?

Францускиот стратег во редовите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е со сигурност една од омилените личности во светот на фудбалот. Имаше многу успешна играчка кариера, но по истиот пат продолжи и на кормилото на Кралскиот клуб од Мадрид.

Иако играчката кариера му заврши пред 15 години, се уште е многу популарен во целиот свет. Тоа најдобро го покажува фактот што заработува големи пари од спонзорски договори.

Угледната „Марка“ денеска соопшти дека дошле до сумата која популарниот Зизу ја заработува од една објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој на оваа друштвена мрежа има 27.8 милиони следбеници и е многу понапред во споредба со своите колеги од Јуве, Сити и Атлетико, Андреа Пирло, Пеп Гвардиола и Диего Симеоне.

„Марка“ открива дека Зидан заработува по 200.000 евра од само едно споменување на името на брендот во својата најава на Инстаграм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП