25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија оди на Светското ракометно првенство во Египет, Чешка се откажа

Македонија оди на Светското ракометно првенство во Египет, Чешка се откажа

Машката македонска сениорска ракометна репрезентација ќе биде дел од ново Светско ракометно првенство, кое утре почнува во Египет.

Нашите репрезентативци одат на мундијалот на мала врата како прва резерва откога селекцијата на Чешка мораше да го откаже својот настап поради големиот број ракометари позитивни на коронавирусот.

Нашите ракометари, кои се очекува што побргу да отпатуваат кон африканската држава, ќе бидат дел од групата Г, заедно со селекцијата на домаќинот Египет, потоа десеткуваниот тим на Шведска и аутсајдерот Чиле, селекција што минатите денови двапати ја совладавме во пријателски мечеви.

В четврток во 1. коло играме со Шведска, на 16 јануари се среќаваме со домаќинот Египет, а на 18 јануари ќе играме против Чиле.

За Македонија, ова ќе е седмо учество на СП, првото беше пред 22 години токму во Египет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП