20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2021: Македонија против Австрија и Украина ќе одигра на Националната арена...

ЕУРО 2021: Македонија против Австрија и Украина ќе одигра на Националната арена во Букурешт

Македонската фудбалска репрезентација, летово ќе дебитира на големите натпреварувања. Македонија ќе биде една од 24 држави кои ќе играат на Европското првенство.

Македонија, на ЕУРО 2021, за противници ќе ги има Австрија, Украина и Холандија. Првите два натпревари ќе ги одигра на Националната арена во романската престолнина Букурешт.

Македонија на континенталните шампионати ќе дебитира на 13.јуни против Австрија, а на 17.јуни ќе го одигра натпреварот против Украина.

За овие два натпревари македонските репрезентативци ќе се подготвуваат на стадионот, на поранешниот европски првак, Стеауа.

Легендарниот романски репрезентативец, Георге Попеску, кој е коородинатор на ЕП, потврдил дека Македонија го потпишала договорот за користење на стадионот.

Славниот клуб, се натпреварува во Третата лига на Романија, но и покрај тоа ја задржа својата навивачка база и понатаму е најпопуларниот клуб во земјата. Стеауа, во септември минатата година доби ултра-модерен стадион со капацитет од 31.000 седишта, за чија изградба биле потрошени 100.000.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП