25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп по триумфот од 7:0: Ќе имаме убав Божик

Клоп по триумфот од 7:0: Ќе имаме убав Божик

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не го криеше задоволството по денешната победа од 7:0 (3:0) на гостувањето кај Кристал Палас во Лондон.

„Тие имаа свои моменти, но нашата реализација во нападот во првото полувреме беше фантастична. Воопшто не помислував дека натпреварот ќе го решиме во наша корист уште по првиот дел. По паузата, предизвикот беше да останеме сконцентрирани. Го контролиравме мечот до самиот крај и постигнавме прекрасни голови“, изјави Клоп.

Германскиот стратег, притоа, предупреди дека згуснатиот распоред на натпревари по божиќните празници ќе биде тежок за сите екипи.

„Вакви победи не се случуваат секоја недела. Денеска се случи и момците треба да се горди. Оваа победа добре ќе ни дојде и за гол разликата, особено по високиот пораз од Астон Вила. Претстојниот Божик ќе биде убав, но сезоната е далеку од завршена. Ни преостануваат уште многу натпревари и ќе треба да бидеме подготвени за нив“, оцени Клоп.od-sedum-nula-ke-imame-

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП