19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот долг ќе достигне рекордни 277 трилиони долари до крајот на годината

Глобалниот долг ќе достигне рекордни 277 трилиони долари до крајот на годината

Глобалниот долг се очекува да се искачи на рекордни 277 трилиони долари до крајот на годината, бидејќи владите и компаниите продолжуваат да трошат како одговор на пандемијата со Ковид-19, објави Институтот за меѓународни финансии (IIF) во извештајот објавен во средата, цитиран од „Reuters“.

„IIF“, чии членови вклучуваат 400 банки и финансиски институции ширум светот, соопшти дека долгот веќе се зголемил за 15 трилиони долари оваа година и достигна 272 трилиони долари до септември. Владите, претежно од развиените пазари, се одговорни за скоро половина од растот.

Вкупниот долг на развиените пазари скокна на 432% од БДП-то во третиот квартал од околу 380% на крајот на 2019-та година. Односот на долгот кон БДП-то на економиите во развој достигна скоро 250% во третиот квартал, а во Кина е 335%, и за годината се очекува односот да достигне околу 365% од глобалниот БДП.

„Постои значителна неизвесност за тоа како глобалната економија може да го намали својот долг во иднина без значителни негативни последици врз економската активност“, се вели во извештајот на „IIF“.

Вкупниот долг на Соединетите држави наскоро ќе достигне 80 трилиони долари во 2020-та година, што претставува зголемување од 71 трилион долари во 2019-та година, информира „IIF“. Долгот во еврозоната се зголеми за 1,5 трилиони долари и достигна 53 трилиони долари до септември.

Меѓу економиите во развој, Либан, Кина, Малезија и Турција забележаа најголем пораст на долгот на нефинансискиот сектор од почетокот на годинава.

Намалувањето на приходите на новите економии ја прави отплатата на долгот „многу потешка“ дури и при рекордно ниски каматни стапки на заемите ширум светот.

До крајот на следната година ќе созреат обврзниците и синдикалните заеми на растечките економии во вредност од околу 7 трилиони долари, од кои околу 15% се изразени во американски долари, забележува „IIF“.

Минатиот месец, претставниците на Г20 се согласија да го продолжат замрзнувањето на услугата за долгови на официјалните билатерални исплати на долгови до првата половина на 2021-ва година и рекоа дека ќе разгледаат ново продолжување на шест месеци во април.

Глобалната економија се предвидува да се намали за 4,4% оваа година и да порасне за 5,2% во 2021-ва година, бидејќи пандемијата наметнува блокади и ограничувања на патувањата што тежат врз бруто домашниот производ, според Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП