24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМагнезиум – за подобро расположение и живот без стрес

Магнезиум – за подобро расположение и живот без стрес

Магнезиумот заедно со калиумот, калциумот и натриумот се основните елементи неопходни за правилно функционирање на организмот на човекот. Вашето тело не го произведува овој важен минерал. Поради тоа, потребно е секојдневно да консумирате храна богата со магнезиум.

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира. Научниците велат дека дневната количина коjа му е потребна на организмот изнесува од 300 до 400мг, а со земањето на оваа количина ќе успеете да го редуцирате стресот и да го зголемите своето расположение.

Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/Сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

Магнезиумот учествува во различни реакции и функции на организмот. Две третини или 60 проценти од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35 проценти во срцевиот мускул и скелетните мускули, а остатокот во бубрезите, црниот дроб и мозокот. Поради тоа, симптомите при недостиг на магнезиум се најразлични. Најчести симптоми се: Слабост или грчеви во мускулите; Аритмија или забрзано отчукување на срцето; Главоболка; Висок крвен притисок; Покачување на телесната тежина; Депресија; Мачнина; Недостаток на апетит.

Недостатокот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта. Неконтролираното консумирање на магнезиум под формата на апчиња или како додаток во исхраната може да доведе до предозирање. При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, малаксаност и поспаност. За да ги избегнете тие непријатности, не употребувајте магнезиум надвор од вашата исхрана, освен ако тоа не ви е препишано од доктор.

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа, компири, цвекло или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

Денес сите ние водиме стресен живот, а магнезиумот, не заборавајте дека, го подобрува расположението и помага при стрес. За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја споменатата храна, богата со овој незаменлив минерал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП