четврток, февруари 25, 2021
1 °c
Skopje
9 ° чет
11 ° пет
6 ° саб
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,970.84 0.6%    GRNT 1,305.99 0.38%    GTRG 3,000.00 0%    KMB 8,191.62 0.43%    MKSD 236.00 2.61%    MPT 73,294.74 0.25%    RMDEN12 99.50 0%    RMDEN13 99.50 0.51%    RMDEN16 99.50 0.51%    RMDEN18 99.50 0.51%    RMDEN19 99.50 0.1%    RZEK 50.00 0%    SLAV 3,104.00 -3%    STB 1,259.00 -1.56%    TEL 327.00 -0.3%    TNB 20,821.61 4.11%    VRDR 10.00 0%    ZPKO 4,280.00 -2.69%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Учебната година започна, образовниот систем уште се расонува од пандемскиот сон

октомври 5, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Учебната година започна, образовниот систем уште се расонува од пандемскиот сон
122
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Стартот на учебната година започна со големи проблеми и со фрустрации особено од страна на родителите кои беа целосно збунети и не знаеа што да прават. Ги бомбардираа со анкети за тоа како сакаат нивните деца да учат. Довербата во системот одамна е загубена и таа тешко дека брзо ќе се поврати. Збунети беа и дел од училиштата бидејќи насоките од МОН во изминатите неколку месеци беа хаотични.

По повод 5-ти откомври Светскиот ден на учителите Денар анализира како започна оваа веќе еднаш одложена учебна година. Експертско мислење побаравме од Проф. Док. Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Тој смета дека не е лесно сето ова да се организира, но многу од ова што се случува деновиве требаше да биде готово уште на почеток на летото. Најдобро ќе беше во август да се извежбаше и децата целосно подготвени да ја започнат годината, со физичко присуство или онлајн, сеедно. Затоа Атанасов смета дека власта треба да има поголема одговорност по ова прашање.

Наместо до последен момент да се чека дигитализацијата и модернизацијата на образовниот систем тој требаше да се спроведува многу одамна. Не да се чека да се случи ваква здравствена криза па да се бараат алтернативни решенија за следење на наставата, објаснува професорот Атанасов. Нејасно е зошто секоја година ресорот образование од државниот колач добива се помало парче.

„Апсолутно задоцнивнме. МОН од март до август речиси и ништо да не сработи. Насоки до другите образовни институции немаше. Сите чекаа да се реши нешто само од себе, но решение нема ако самите не го произведете. Државните образовни институции многу доцнат со дигитализацијата и модернизацијата воопшто. Таа требаше да започне многу пред да се појави пандемијата. За Владата образованието не беше главен приоритет во изминатите три години. Постоеја идеи и планови да се започне со дигитализацијата, но тоа не се случи. Владата истураше милиони евра во земјоделство и во изградба на патишта, се делеа милиони евра грантови преку разни фондови, а во образованието речиси и ништо не вложи. Напротив, финансиите во образовабието секоја година се се помали, паднати се под просекот. Затоа пак Арбер Адеми пред да замине од МОН повторно потпиша договор за печатење на фамозните учебници од Кембриџ, како и во изминатите десет години, програмата за кои се фрлаат во вода неколку милиони евра секоја година, а образованието наше постојано тоне а нашите деца се се понеписмени“, вели за Денар Проф. Др Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко првавни истражувања.

Дополнително, локалните самоуправи, или барем поголемиот дел од нив многу несериозно си ја сфатија задачата. Имаше и такви општини кои посветено преку цело лето се подготвуваа за старт на новата учебна година, но тие општини се многу малку на број. Недостатокот на финансии, недоволен кадровски капацитет, страв од пандемијата и ред други проблеми придонесе во добар дел од општините настава се уште да нема. Атанасов смета дека некои елементи од децентрализацијата во врска со образованието се прерано спуштени на општинско ниво. Според Законот за децентрализација од пред 15-тина години, општините имаат големи ингеренции и одговорност за образованието. Општините го искористија овој закон само за да вработуваат кадри. Негово мислење е дека  ако има некоја полза од пандемијата е тоа што општините се разбудија и започнаа да прават нешто во врска со образованието. Многу од општините не можеа да изградат ново училиште, ама можат да ги реновираат тоалетите, може да ги сменат прозорци и вратите, може да направат многу работи за подобри услови за учениците и наставниот кадар.

„Секако дека сите беа исплашени и збунети за тоа што понатаму ќе се случува. Но и пред пандемијата не беше подобро. Ние имаме слаб образовен систем. Државата или Владата или МОН немаат јасна претстава за тоа што треба да се прави. Нема стратешка идеја каде треба да се движи образованието. Тоа е заеднички проблем, на сите нас. Имаше премалку проекти и новини и генерално системот функционираше по инерција. Потоа, во изминатите три години имаше премалку законски промени, освен Законот за високо образование, немаше скоро ништо друго значајно. Немаше ниту мотивација кај образовните иснтитуции и луѓето вработени во образованието да се стори нешто повеќе. Статусот во општеството на наставниците е многу нарушен, видете ги нивните плати. Истовремено, нашиот училишен модел одамна не нуди доволен квалитет на образованието. Ова се однесува и на општествените вредности и на воспитанието и на професионалната наобразба. Нашиот образовен модел е застарен, не одговара на ова време. А за големи промени треба време, тие не се прават преку ноќ. Најмалку во вонредни услови“, додава Атанасов.

Инаку Петар Атанасов во претходниот владин состав беше заменик министер за образование. Тој не издржа многу на Илинденска број 2 и си поднесе оставка бидејќи заклучил дека во образованието не се случуваат реформи и промени иако тоа како политичка опција го ветиле на граѓаните. Еве што напиша Атанасов на својот Фејзбук профил по повод својата оставка од функцијата заменик министер за образование:

„И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро“, напиша Атанасов на Фејсбук.

На 18 август Владата донесе одлука новата учебна година да се одвива онлајн. Но по препораките на Комисијата за заразни болести се дозволија два исклучоци, и тоа учениците од прво до трето одделение наставата да ја следат со физичко присуство но со согласност од родителите. Вториот исклучок, физичко присуство да биде дозволено и во училишта каде има мал број на ученици. Со физичко присуство, во основните училишта еден час трае 30, а во средните 35 минути. Што се однесува до учењето од дома учениците наставата ја следат преку платформата со отворен код Мудл и Мајкрософт тимс, конечната верзија на платформата за онлајн следење на наставата не е финиширана. Информациите од терен велат дека околу 40 илјади ученици немаат компјутер или друг уред со кој би ја следеле онлајн наставата. Според официјалните информации, од 325 основни и 27 средни училишта, комисијата составена од преставници на Министерството за образование, Министерството за здравство и од Владата дадоа зелено светло за настава со физичко присуство за 223 основни училишта, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште. Негативно мислење за физичко присуство добија  94 основни и 14 средни училишта. 

Стартот на оваа учебна година ќе се памети и по се почестите протести и бојкот на наставата на ученици од повеќе градови од земјава. Учениците се против онлајн настава и бараат да се вратат во училишните клупи и на тој начин да го продолжат образованието. На некои од протестите учениците добија поддршка и од родителите. Одговорот на министерката за образование Мила Царовска е дека оние училишта кои на своја рака ќе одлучат да ги вратат децата на училиште и нема да воведат онлајн настава ќе бидат санкционирани, а изгубените часови  учениците кои сега протестираат ќе ги надополнат на лето, или пак следната година.

И.П

Тагови: владаобразованиестратегијаученицишколо
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Неделен хороскоп 05.10.2020 до 11.10.2020

Следна Објава

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина
ЕКОНОМИЈА

Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

февруари 24, 2021
21

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави денеска водечката британска специјалистка по вирологија,...

Прочитај повеќе
Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

февруари 24, 2021
394

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Прочитај повеќе
„Samsung“ ќе развива флексибилни екрани за „Google“, „Oppo“ и „Xiaomi“
ТЕХНОЛОГИЈА

„Samsung“ ќе развива флексибилни екрани за „Google“, „Oppo“ и „Xiaomi“

февруари 24, 2021
44

Новиот извештај, објавен од „The ​​Elec“, ги потврдува претходните информации од декември кои сугерираа дека „Vivo“, „Oppo“, „Xiaomi“ и „Google“...

Прочитај повеќе
Георгиева: Ковид-19 може да ја продлабочи нееднаквоста во Европа
ЕКОНОМИЈА

Георгиева: Ковид-19 може да ја продлабочи нееднаквоста во Европа

февруари 24, 2021
43

Пандемијата со Ковид-19 може да ги продлабочи разликите во Европа доколку владите не се справат со светската здравствена криза и...

Прочитај повеќе
„Puma“ очекува силно закрепнување, но само во текот на летото
КОМПАНИИ

„Puma“ очекува силно закрепнување, но само во текот на летото

февруари 24, 2021
17

Германскиот производител на спортски производи „Puma“ очекува голем удар врз нејзините финансиски резултати од блокадите за контрола на пандемијата на...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

февруари 24, 2021
Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

февруари 24, 2021
„Samsung“ ќе развива флексибилни екрани за „Google“, „Oppo“ и „Xiaomi“

„Samsung“ ќе развива флексибилни екрани за „Google“, „Oppo“ и „Xiaomi“

февруари 24, 2021
Георгиева: Ковид-19 може да ја продлабочи нееднаквоста во Европа

Георгиева: Ковид-19 може да ја продлабочи нееднаквоста во Европа

февруари 24, 2021
„Puma“ очекува силно закрепнување, но само во текот на летото

„Puma“ очекува силно закрепнување, но само во текот на летото

февруари 24, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Маск изгуби 15 милијарди долари за еден ден

    Маск изгуби 15 милијарди долари за еден ден

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ќе удри ли тапан на свадба годинава? Организаторите на свадби денес на протест пред Влада!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • НАЈТОЧЕН ТЕСТ: 4 прашања за одредување на личноста

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 509 заразени со Ковид-19, починаа 9 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 24.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 24.02.2021

февруари 24, 2021
1.9k
Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021

февруари 22, 2021
6.3k

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај
Следна Објава
Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани