26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралните банки со најмалку купено злато во последните 20 месеци

Централните банки со најмалку купено злато во последните 20 месеци

Централните банки ширум светот во јули купија 9 тони злато, покажуваат најновите податоци за златните резерви од „Светскиот совет за злато“.

Ова е најниско месечно ниво од декември 2018-та година, кога резервите на злато се намалија за 1,5 тони.

Набавките во јули биле за 27,2 тони, додека продажбата изнесувала 17,7 тони. Најголеми набавки се направени од Турција (19,4 тони), следени од Катар (3,1 тони), Индија (2,8 тони) и Казахстан (1,9 тони).

Узбекистан и Монголија, пак, ги искористија рекордните цени на златото и ги намалија своите резерви на злато за 11,6, односно 6,1 тон. Две од најголемите светски економии, Германија и Русија, исто така забележаа намалување, но со побавно темпо, по намалувањето на минималната продажба во текот на месецот.

Десетте земји со најголеми резерви на злато во светот имаат 23.700 тони од овој благороден метал, што претставува над 70% од светските резерви.

Соединетите држави и Германија продолжуваат да ја предводат оваа листа, а потоа следат Италија и Франција. Сите тие имаат злато, што формира помеѓу 67% за Франција и 79,9% за Соединетите држави од вкупните резерви. Процентот за Италија и Германија е 72,9, односно 77,1 проценти.

Сите други земји во светот, со исклучок на Португалија и Холандија, имаат резерви на злато помалку од 60% од вкупните резерви. Сепак, лидерот во ова рангирање е прилично изненадувачки – Венецуела, каде резервите на злато се 84,1 процент.

Сепак, ова може да се објасни и со сериозно намалените резерви на земјата во последните неколку години и со проблемите при враќање на дел од златото во Венецуела, кое се очекува да биде продадено за покривање на дел од обврските на земјата.

Русија, Кина, Швајцарија, Јапонија, Индија и Холандија се исто така во првите 10 најголеми земји кои чуваат злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП