24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ7 размислува да продолжи со замрзнувањето на долгот за земјите со ниски...

Г7 размислува да продолжи со замрзнувањето на долгот за земјите со ниски приходи

Министрите за финансии од групата на седумте најбогати земји во понеделникот забележаа подобри услови во нивните економии, но ја истакнаа нивната загриженост за проблемите со долговите со кој се соочуваат земјите со ниски приходи, беше цитиран портпаролот на Министерството за финансии на САД од „Reuters“.

За време на видео-конференцијата, организирана од американскиот министер за финансии Стивен Манучин, министрите ги повикаа сите официјални билатерални доверители целосно да го спроведат замрзнувањето на долговите на Г20 за најсиромашните земји и се согласија да разгледаат дополнителни опции, вклучително и проширување на иницијативата до 2021-ва година.

На состанокот се вклучија и лидерите на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои ја повикаа Групата од 20-те најбогати земји да ја прошират својата иницијатива за опслужување на долгот (DSSI), со оглед на економското влијание на новата пандемија на коронавирусот.

Членовите на Г-20, вклучително и Кина и Парискиот клуб на официјални доверители, во април предложија замрзнување на исплатите на долгови за услуги на 73 најсиромашни земји до крајот на годината за да ослободи околу 12 милијарди американски долари за најсиромашните земји да се борат против инфекцијата и да го ублажат нејзиното економско влијание.

Германскиот државен секретар за финансии Волфганг Шмит изјави дека прашањето за долгот е клучна тема за време на состанокот и ја истакна потребата за вклучување на приватниот сектор.

„Сите се согласуваме дека мораториумот на долгот мора да биде целосно имплементиран од сите доверители“, рече тој, додавајќи: „Исто така, истакнавме дека е многу важно приватниот сектор да биде дел од ова“.

Страните не сакаат да бараат замрзнување на исплатите на долговите на приватниот сектор од страв дека тоа ќе им наштети на нивниот кредитен рејтинг.

Министрите се согласија „да ја зголемат транспарентноста на податоците за долгот и да разгледаат дополнителни опции за земјите со ниски приходи, вклучително и проширување на „DSSI“ до 2021-ва година“, рече портпаролот.

Тие исто така ја истакнаа потребата од производство и дистрибуција на вакцини и лекување на вирусот. Тие разговараа за поддршката за Либан по експлозијата на пристаништето во Бејрут на 4-ти август, во која загинаа најмалку 178 лица, додаде портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП