27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија успеа да избегне рецесија во вториот квартал

Кинеската економија успеа да избегне рецесија во вториот квартал

Кинеската економија порасна за 3,2% на годишна основа во второто тримесечје од 2020-та година. Ова е значително закрепнување од контракцијата од 6,8% во претходниот период, што беше прва од кога се води статистиката (1992), објави „tradingeconomics.com“.

На овој начин, Кина ја избегна рецесијата, што по дефиниција е два последователни квартали од економската контракција.

Вредностите за периодот од април до јуни успеаја да ги надминат пазарните очекувања за раст од 2,5%. Сепак, последното читање останува најнизок раст во историјата, истакнувајќи ја потребата за поголема поддршка од Пекинг за забрзување на закрепнувањето.

Во однос на првите шест месеци, се забележува контракција од 1,6% во однос на истиот период од 2019-та година.

Претходно денес, исто така стана јасно дека кинеското индустриско производство се зголемило за 4,8% во јуни на годишна основа. Ова е трет последователен месец на пораст што е добра вест за економијата која се обидува да се стабилизира по шокот од пандемијата на коронавирусот.

Аналитичарите анкетирани од „Reuters“ очекуваат сличен раст од 4,7% на годишно ниво, откако во мај и април е забележано зголемување од 4,4% и 3,9%, соодветно.

Продажбата на мало се намали за 1,8% на годишна основа – далеку под очекувањата за раст од 0,3%. Во мај падот беше 2,8%.

Инвестициите се намалија за 3,1% во првата половина од годинава во однос на истиот период лани. Прогнозата беше за намалување од 3,3%.

Економското закрепнување во вториот квартал се должи на „кредитните стимулации, што е потврдено од големи инфраструктурни и инвестиции во недвижнини, додека закрепнувањето кај трговијата на мало и приватното инвестирање продолжува да заостанува“, вели Мишел Лам, економист во „Societe Generale“ во Хонг Конг за „Bloomberg“. Според неа, засега нема да има ново олеснување на монетарната политика, бидејќи Пекинг ќе сака да го задржи својот арсенал.

Денешните податоци покажуваат дека закрепнувањето останува главно водено од индустријата, а потрошувачката на потрошувачите е помала од очекуваната. Низата на спасувачки мерки поради пандемијата започна со, вклучително и даночните олеснувања, поевтини кредити и зголемено фискално трошење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП