19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо заработува повеќе од Инстаграм отколку од фудбал

Роналдо заработува повеќе од Инстаграм отколку од фудбал

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо продолжува да ги поместува границите кога станува збор за маркетинг и финансии.

Крилниот напаѓач на Јувентус овој викенд стана првиот милијардер во историјата на фудбалот.

Меѓутоа, интересно е што тој заработил повеќе пари од една социјална мрежа, отколку од самиот спорт со кој се занимава. Барем во последните 12 месеци.

Имено, Роналдо од Инстаграм, односно од 43 спонзорирани објави на оваа мрежа заработил 41,7 милиони фунти.

За споредба, тој од договорот кој го има со Јувентус минатата година заработил 27,3 милиони фунти.

На второто место на списокот е големиот ривал на Роналдо, Лионел Меси, кој од Инстаграм минатата година заработил 25,2 милиони фунти.

Во Топ 10, кога станува збор за фудбалери, се наоѓаат уште Дејвид Бекам, Нејмар и Златан Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП