26 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(08.07 – 12.07.2013)

 

 

Уште една недела на Македонската берза која мина во расчекор помеѓу желбата за пораст на цените на акциите (МБИ10 неделата ја заврши со раст од +0,44%, МБИД со пораст од +0,03%) и нискиот промет во редовното тргување со акции (15,4 милиони денари), кој повеќе од сигурно не може да придонесе во реализирањето на погоренаведената желба. Повторно доминираше тргувањето со обврзниците од 12-тата емисија од денационализација, со кои се реализираше промет од 57,8 милиони денари или 78% од вкупниот промет во редовното тргување. За одбележување беа и две блок трансакции, првата со акциите на Европа АД Скопје во вредност од 116 милиони денари преку која фирмата АС СЕЊАК увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ Кичево се стекна со 18% од вкупниот број на емитирани акции; втората со акциите на Институт за заварување Југ Скопје во вредност од 19,7 милиони денари.

Во скромното тргување со акции, од најликвидните, само акциите на Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Макпетрол Скопје реализираа промет од над еден милион денари. Комерцијална банка Скопје имаше промет од 3,8 милиони денари, Алкалоид Скопје од 2,5 милиони и Макпетрол Скопје од 1,6 милиони денари.

На регионалните берзи, во услови на намален промет, вредностите на индексите речиси и да немаа некои посериозни неделни поместувања. SBI10 неделата ја заврши со минимален пад од -0,04%, Crobex забележа неделен раст од +1,19%, Belex имаше пад од -0,01%, додека софискиот Sofix регистрираше пад од -0,01%.

Позитивните сигнали кои ги упати ФЕД дека политиката на стимулирање на економскиот раст ќе продолжи и во следниот краткорочен период период, придонесе за нов пораст на вредностите на индексите на Wall Street и за нови историски максимуми.  DOW JONES неделата да ја заврши со пораст од +1,57%, NASDAQ неделата ја заврши со раст од +3,31%, а S&P 500 имаше неделен раст од +2,42%. Не треба да се повторуваме дека позитивните сигнали од САД веднаш се прелеаја на вропските и азиските берзи. Бен Бернанке по којзнае кој пат беше „гласот на спасителот“, неговите зборови ги успокоија инвеститорите, а берзите одново тргнаа нагоре. DAX забележа раст од +3,06%, FTSE 100 од +1,47%, додека францускиот CAC 40 имаше пораст од +0,82%. Јапонскиот NIKKEI 225 ја заврши неделата со пораст од +2,81%, додека хонгконгшкиот HANG-SENG имаше раст од +3,38%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП