19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронавирусот го сардиса транспортот на стока!

Коронавирусот го сардиса транспортот на стока!

Се откажуваат тури и нарачки заради затворање на индустриски капацитети, згаснуваат цели фабрики, и не само во земјава, така е речиси насекаде во светот.

Транспортот со стока веќе е во пресметки на штетите. Од владините мерки, транспортерите за Денар велат дека нема да видат голем аир бидејќи тие нема да решат ниту половина од нивните маки. Од здружението на транспортери Макам- Транс велат дека воопшто не се задоволни од мерките на владата која ги понуди за спас на економијата.  Сега тие од државните институции бараат олеснување во процесот на вадење и одложување на трајноста на потребните документи кои им се потребни за работа како што се возачките дозволи или регистрациите на камионите.

„На транспортот му се потребни свежи пари. Ние апелиравме и првото барање ни беше државата да ни го врати ДДВ-то, бидејќи ние сме и ослободени од плаќање на ДДВ, а сумата може да биде многу висока. Тоа би било една финансиска инјекција, навистина добредојдена. Потоа баравме кредитите да се одложат но не да се пресметуваат камати. Мислам дека и банките може да издржат неколку месеци и да помогнат на сите. Вели Билјана Муратовска од здружението на транспортери Макам- Транс.

Од здружението на транспортери се надеваат дека наскоро ќе профункционира „Зелениот  коридо“ кој се договори  помеѓу Европската комисија и балканските држави, се со цел слободно да се одвива транспортот. Муратовска тврди дека се помалку возачите имаат можност да работат на тури кои се нарекуваат „тури од трети земји“,  а исклучена е дистрибуција во сопствената земја.  Како на пример од Германија во Чешка, од Чешка за Белгија или слично, вели Муратовска, и тоа ќе допринесе ситуацијата да биде далеку покомплицирана. Тоа дополнително ќе ја намали ликвидноста на компаниите од транспортниот сектор.

Дополнително, целосно како земја сме блокирани со Турција, вели Муратовска, а 50 отсто од превозите на камионџиите од Македонија се вршат во оваа земја. Муратовска стравува дека многу трговски друштва, компании, ќе бидат затворени. Точна бројка засега нема колку превозници работеа пред кризата, а колкава е сега таа, но Муратовска вели дека сигурно само 500 превозници работеле со компании од Западна Европа, а сега нивните капацитети се намалени. Ако пред кризата работеле со пет камиони сега тие работат со два или три. Задоволни сме сега ако 30 отсто од камионите се во оптек, во однос на тоа што беше пред нова година.

„Имаме возачи на кои им е страв да возат, едноставно се плашат да возат, пред се поради ризикот со кој може да се соочат. Многу е тешка борбата да се добие согласност од еден возач да оди на пат, од друга страна има возачи кои имаат свои здравствени проблеми па самите газди не сакаат да ризикуваат и да ги ангажираат во овој момент за да возат“, вели Муратовска

Состојбата е надмината со возачите кои мораа да се изолираат и во карантин да бидат 14 дена поради поминување на граници на странски држави. Со вадење на посебни дозволи повеќе возачите немаат таква обврска. И таа потврда мора да биде во камионот за да се покаже на надлежните лица и институции во странство.

„Возачот е самоизолиран во кабината на камионот. И тој нема контакти со никого надвор, бидејќи треба секој сам да ја натовари и истовари стоката. Единствено излегува од камионот на граничен премин за да ја отвори и затвори задната врата каде што е стоката. Сите имаат ракавици, маски, средства за дезинфекција и слични материјали за заштита од вирусот. И сите треба да се придржуваат на тие мерки. Товарниот сообраќај се движи по обиколници и други патишта каде нема населени места. Кога ќе се вратат возачите од пат не им се издава мерка карантин, меѓутоа препораката за самоизолација си останува. Треба да биде во кругот на семејството, може да излегува до продавница или аптека, но не и шетање и излегување“.

Не само оваа здравствена криза, туку при  секој вид на криза на глобално ниво меѓу првите кои што се на удар се токму транспортерите. Колкави ќе им бидат загубите, колку од компаниите од овој сектор ќе згаснат, а колку ќе ја пребродат кризата ќе се знае веднаш по завршувањето на пандемијата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП