вторник, јануари 26, 2021
0 °c
Skopje
0 ° вто
0 ° сре
0 ° чет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,625.51 -0.5%    GRNT 1,169.00 0.21%    KMB 7,625.00 0.37%    MTUR 4,500.00 -1.12%    OKTA 3,500.00 -2.23%    RMDEN18 99.00 0%    SBT 2,898.17 -0.04%    STB 1,170.12 -0.27%    STIL 60.92 1.53%    TEL 320.98 0.62%    TETE 1,900.00 -2.56%    TNB 18,800.06 0%    TTK 1,400.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Народната банка ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75%

март 16, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ
A A
Народната банка ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75%
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Денес се одржа вонредна електронска седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на која беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75%.

“Ова е второ намалување на каматната стапка оваа година, по намалувањето во јануари кога во услови на високи девизни резерви и ниски инфлациски движења, а при присутни глобални ризици, вклучително и од ширењето на вирусната инфекција ковид-19 (коронавирус), ја олабавивме монетарната политика. Потребата од одржување вонредна седница произлезе од брзото ширење на вирусната инфекција ковид-19 во глобални рамки, со што се продлабочија ризиците и во домашната економија”, велат од Народната банка.

На седницата повторно беа разгледани најновите економски показатели, при што се разговараше за ефектите од појавата на ковид-19 врз глобалната и врз македонската економија. Оттука, беа изнесени следниве заклучоци:

Ризиците за глобалната и домашната економија предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција ковид-19 се изразени. Првичните очекувања дека оваа појава ќе биде локализирана на територијата на Кина се покажаа како неосновани, а ризикот дека нејзиното времетраење, силината и географската распространетост ќе бидат големи се оствари во многу кус период. Од крајот на февруари до почетокот на март овој вирус се прошири во над 80 земји во светот. Мерките коишто се преземаат на глобално ниво за спречување на неговото ширење се однесуваат на ограничување на движењето, одложување поголем број активности, отежнување на глобалните синџири на производство, промени на цените на пазарите на финансиските инструменти и на примарните производи. Сите овие мерки имаат последици за понудата и за побарувачката во економијата, како и за довербата на потрошувачите и инвеститорите и со тоа, за вкупниот раст на економијата.

Големината на вкупните негативни економски ефекти тешко може да се одреди поради неизвесноста околу времетраењето и силината на вирусната инфекција. Иако тековниот шок е од неекономска природа и најверојатно нема да го загрози долгорочниот потенцијал за раст и макроекономските основи на економиите на трајна основа, неговите ефекти на краток рок врз глобалната економија најверојатно ќе бидат изразени и ќе се одразат како големо забавување или намалување на глобалната економска активност. Европската централна банка ги објави своите мартовски проекции за еврозоната, како наш клучен трговски партнер. Овие проекции не ги опфаќаат во целост најновите ефекти од ковид-19 врз глобалната активност и трговијата и предвидуваат раст на еврозоната од 0,8% во 2020 година. Сепак, нивните сценарија за ефектите од ковид-19 врз еврозоната, коишто претпоставуваат присуство на пандемијата до крајот на првата половина од оваа година, упатуваат на можна помала активност во однос на ова сценарио во интервал од 0,6 до 1,4 процентни поени. Притоа, ЕЦБ нагласува дека овие сценарија не претпоставуваат монетарна или фискална реакција, којашто, доколку се преземе, значително би ги ублажила негативните ефекти.

Остварувањето на ризикот и неговите негативни ефекти врз растот на економиите доведоа и до брза реакција на поголем број централни банки со намалување на нивните каматни стапки и/или преземање дополнителни мерки за креирање ликвидност во системот и поддршка на кредитирањето. Вакви мерки презедоа и Федералниот систем на резерви, Европската централна банка, Банката на Англија. Со ова тие придонесуваат за дополнително олеснување на финансиските услови и за поддршка на реалниот сектор, во услови на неочекуван негативен шок со силно влијание врз вкупната активност.

Во услови на стабилни инфлациски движења и адекватно ниво на девизни резерви, а при извесни негативни ефекти врз економијата од надворешното окружување, како и од мерките за ограничување на ризиците од ширењето на вирусната инфекција ковид-19, Народната банка донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 проценти поени, со што таа ќе изнесува 1,75%. Ова е второ намалување на каматната стапка во 2020 година и треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките. Со тоа ќе се овозможи одржување на кредитниот циклус и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, особено врз ликвидноста на корпоративниот сектор, иако ликвидносниот потенцијал со кој располагаат банките е висок.

Народната банка разгледува и дополнителни мерки за поддршка на економијата, во вакви околности кога таа е погодена од неекономски и неочекуван негативен шок. Овие мерки се однесуваат на евентуални промени коишто ќе ги стимулираат банките да ги поддржат најпогодените сектори во економијата, а преку целна промена на дел од монетарните инструменти и преку промени во регулаторните барања.

Повторно напоменуваме дека засега тековите се стабилни, а Народната банка е доследна на успешното спроведување на своите цели: одржување стабилни цени, стабилен девизен курс и одржување на финансиската стабилност. Во овој контекст, нивото на девизните резерви е комфорно и сосема е адекватно за да може соодветно да се реагира, доколку евентуално дојде до поголемо остварување на ризиците и потреба за апсорпција на ефектите. Банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот ковид-19 на глобално ниво. Домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра состојба од периодот на почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година.

Народната банка и натаму со голема внимателност ќе го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветно приспособување на политиките и соодветна и навремена реакција.

Тагови: банкаблагајничкизаписикаматнакомитетнароднаосновнапоенистапка
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

А1 Македонија во знак на поддршка овозможи дополнителни 10GB интернет на сите мобилни корисници, како и 7 филмски и детски ТВ канали

Следна Објава

Колку е тешко да се биде сам со сопствените мисли?

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023 – стратешки документ за реформи координиран од Министерството за финансии
ЕКОНОМИЈА

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023 – стратешки документ за реформи координиран од Министерството за финансии

јануари 26, 2021
15

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи - Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително...

Прочитај повеќе
Откриено колку чини замена на батеријата на Tesla Model 3: Врзете се, од цифрата може да ви се заврти во глава
ТЕХНОЛОГИЈА

Откриено колку чини замена на батеријата на Tesla Model 3: Врзете се, од цифрата може да ви се заврти во глава

јануари 26, 2021
80

Кога станува збор за замена на батеријата на електрични возила, тоа претставува потенцијално огромна цена за сопственикот на возилото. Еден...

Прочитај повеќе
Лагард: Опоравувањето од пандемијата може да биде одложено
ЕКОНОМИЈА

Лагард: Опоравувањето од пандемијата може да биде одложено

јануари 26, 2021
72

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се надева дека 2021 година ќе биде година на економско закрепнување од пандемијата,...

Прочитај повеќе
Ракометната Федерација на Македонија и Данило Брестовац спогодбено ја прекинаа соработката
СПОРТБИЗ

Ракометната Федерација на Македонија и Данило Брестовац спогодбено ја прекинаа соработката

јануари 26, 2021
47

Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална страница ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац,...

Прочитај повеќе
„BMW“ ја намалува својата гама
АВТОБИЗ

„BMW“ ја намалува својата гама

јануари 26, 2021
50

Германскиот производител „BMW“ ќе ја поедностави својата гама на модели и ќе ги отстрани од својата опрема најнепопуларните опции меѓу...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023 – стратешки документ за реформи координиран од Министерството за финансии

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023 – стратешки документ за реформи координиран од Министерството за финансии

јануари 26, 2021
Откриено колку чини замена на батеријата на Tesla Model 3: Врзете се, од цифрата може да ви се заврти во глава

Откриено колку чини замена на батеријата на Tesla Model 3: Врзете се, од цифрата може да ви се заврти во глава

јануари 26, 2021
Лагард: Опоравувањето од пандемијата може да биде одложено

Лагард: Опоравувањето од пандемијата може да биде одложено

јануари 26, 2021
Ракометната Федерација на Македонија и Данило Брестовац спогодбено ја прекинаа соработката

Ракометната Федерација на Македонија и Данило Брестовац спогодбено ја прекинаа соработката

јануари 26, 2021
„BMW“ ја намалува својата гама

„BMW“ ја намалува својата гама

јануари 26, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?

    Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Од 1ви февруари укинати царини за кожа, текстил, механички уреди, генератори, трансформатори

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Интернетот нема милост за нокаутираниот Мек Грегор: Погледнете ги најдобрите шеги

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Утрински напиток од оцет и мед со кој ќе ги решите овие 10 здравствени проблеми

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Пристигнуваат нови модели на роботи кои го шокираа светот со изјава дека човештвото треба да се уништи

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.01.2021

јануари 26, 2021
1.1k
Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

јануари 25, 2021
2.4k
Следна Објава
Колку е тешко да се биде сам со сопствените мисли?

Колку е тешко да се биде сам со сопствените мисли?

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани