25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона стана најбогатиот клуб во светот

Барселона стана најбогатиот клуб во светот

Каталонскиот гигант Барселона го надмина Реал Мадрид и стана најбогат клуб во светот во однос на приходите, објави The Economist.

Шпанскиот клуб оствари приход од 840,8 милиони евра минатата сезона, што е десет проценти повеќе од мадридскиот Реал, кој оствари приход од 757,3 милиони евра, покажуваат податоците на Deloitte.

Трет е Манчестер Јунајтед со приход од 711,5 милиони евра, додека четвртото место го зазема баварскиот гигант Баерн Минхен со приход од 660,1 милиони евра. Следи ПСЖ со 635,9 милиони, Манчестер Сити со 610,6 милиони, Ливерпул со 604,7 милиони, Тотенхем со 521,1 милиони, Челси со 513,1 милион и Јувентус со приход од 459,7 милиони.

Најмногу пари Барселона остварила од комерцијални приходи 383,5 милиони евра, а од ТВ права Каталонците добиле 298,1 милиони евра.

Приходите од натпревари за Каталонците изнесувале 159,2 милиони евра.

Токму одлуката да се преземе целиот комерцијален сектор на клубот, наместо да работи со посредници, на Барселона и донесе дополнителен профит од 150 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП