26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДенес почнува Европското ракометно првенство

Денес почнува Европското ракометно првенство

Со натпреварите Белорусија – Србија и Германија – Холандија вечер од 18 часот и 15 минути ќе биде отворено Европското ракометно првенство за мажи.

На шампионатот кој ќе се игра во Австрија, Шведска и Норвешка, ќе учествуваат 24 репрезентации поделени по четири во шест групи. Меѓу нив е и македонската селекција која ќе игра во Б-групата заедно со Чешка, Украина и домаќинот Австрија. Својот прв дуел македонските ракоетари ќе ги имаат утре со Украина, на 12 се среќаваат со Чешка, а на 14 јануари противник ќе им биде Австрија.

Во А-групата се: Хрватска, Белорусија, Црна Гора и Србија.

Групата – Ц ја сочинуваат: Шпанија, Германија, Летонија и Холандија.

Четирите ривали во Д-групата се: Франција, Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.

Во Е-групата се наоѓаат: Данска, Унгарија, Исланд и Русија.

Група Ф: Шведска, Словенија, Швајцарија и Полска.

Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП