26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарка измисли валута, ги собра парите и исчезна

Бугарка измисли валута, ги собра парите и исчезна

Во средината на 2016 година, кога општата јавност слушна за биткоинот, бидејќи во тоа време, поради ненадејниот пораст на вредноста, многумина се обогатија, се случи вистинска мешаница со криптовалутите. Желбата на луѓето да го фатат возот во навидум ветувачкиот пазар што е можно побрзо, но и фактот дека ниту регулаторните агенции, ниту медиумите не знаеја многу за тоа, во голема мера шансата ја искористи бугарката Ружа Игњатова (39). Во тоа време, истакната деловна жена со докторат на Оксфорд, организирала гламурозен настан на Вембли во јуни 2016 година, ветувајќи дека нејзината криптовалута ќе го однесе биткоинот во заборав.

Лековерните британци веќе инвестирале 30 милиони евра во нејзиниот „OneCoin“ во првата половина на 2016 година, покажале податоците до кои дошле од BBC. Од август 2014 година до март 2017 година, луѓе од десетици земји, од Бразил и Канада преку Норвешка и Јемен до Индија и Кина, потрошиле четири, а според некои проценки, можеби дури 15 милијарди евра за новата криптовалута.

“Криптокралицата”, како што се претставувала Игњатова, заборавила да им каже една важна работа. За разлика од биткоинот, кој во основа има “блокчејн технологија” – комплексна ИТ структура што ја запишува трагата на секоја трансакција, поради што ја стекна довербата на технолошко образованата заедница, нејзината валута немала никаква поддршка.

Четири месеци по собирот на „Вембли“, бугарската компанија “OneCoin” се обратила на експерт кој требало за голема плата, стан и автомобил, накнадно да изгради блокчејн технологија, но тој одбил, разбирајќи ја големината на измамата. Сепак, ова не ги спречи бугарскиот стартап и Игњатова да продолжат да ја продаваат приказната за новата криптовалута која требаше да го “погреба” биткоинот.

За разлика од биткоинот, кој може да се продава во секое време за вистински пари (вредноста варира во зависност од понудата и побарувачката), во случајот со “OneCoin” тој момент постојано се одложувал. Прашањето требало да биде решено на собирот во Лисабон во октомври 2017 година. Игњатова, на изненадување на многумина не се појавила, но не затоа што, како што се сомневаа наивните членови, дека таа била киднапирана од банкари заради финансиската револуција што ја подготвува. Истрагата на ФБИ открила дека таа тоа време отпатувала од Софија во Атина и оттогаш и се изгубила трагата. Според една теорија, таа добила руски или украински пасош и има заштита од најмоќните Бугари. Друга теорија е дека таа со операција комплетно го сменила својот изглед и живее во Лондон, Грција или можеби Франкфурт.

На BBC радио долго време се емитувала емисија за измамничката која изиграла толку многу Британци. Луѓето инвестирале стотици илјади евра и ја следеле нивната инвестиција на веб-страницата, планирајќи како да ги трошат своите профити. Истражувајќи ги индициите од Бугарија до Уганда, новинарите открија „совршена измама“. Измамата се состоела од лажна валута и секташко регрутирање на луѓе во шемата на пирамидата, и поради неколку фактори, работела совршено во првите години: фасцинација од можностите на технологијата, страв да не се испушти шанса за лесна заработка, недоверба кон естаблишментот и традиционални медиуми. Покрај тоа, д-р Игњатова била личност која влевала доверба. Кога држела говор на самитот на ЕУ и Југоисточна Европа во 2015 година во организација на магазинот „Економист“, таа била претставерна како сопственик на компанија која нуди „иновативен пристап на инвестирање и вршење трансакции“, со магистерска диплома од германскиот универзитет во Констанц и докторат по право на Оксфорд.

Се уште има расправа за тоа дали Ружа Игњатова е само параван позади кои стои сериозна криминална група. Има мислење дека таа не планирала мултимилионска измама и дека се обидела да запре сè во еден момент, но дека „темните сили“ не и дозволиле, поради што и исчезнала. Игор Албертс, експерт за мултилевел маркетинг кој бил вклучен во бизнисот, зборува за вмешаност на многу влијателни луѓе, но не сака да открива детали „за да не ја загрози безбедноста на семејството“.

Американското министерството за правда тврди дека има докази дека братот на Ружа, кој ја презел работата по нејзиното исчезнување, е поврзан со значајни луѓе во светот на организираниот криминал во Источна Европа. Константин Игњатов бил уапсен во март во Лос Анџелес и се нагодил со обвинителството, ветувајќи соработка. Тој бил обвинет за измама со криптовалути, а во исто време бил обвинет во отсуство за измама со хартии од вредност и за перење пари.

Најчудно од се е што компанијата сè уште работи со тоа што негира каква било измама и дека луѓето инвестираат пари, пишуваат авторите на BBC, кои  пролетта биле во Софија. Британскиот регулатор за финансиски пазари во 2016 година издаде предупредување за „OneCoin“, но по нецела година беше отстрането од страницата, по што промоторите продолжиле да организираат конференции. Лондонската полиција ја затвори двегодишната истрага, заклучувајќи дека компаниите и поединците не биле под јурисдикција на Велика Британија и дека не постои имот на британската територија за да ги надомести жртвите.

Кога британските новинари ги прашале некои од првите инвеститори што ги привлекло, тие како главна причина го наведоа стравот.

Од оваа “секташка пирамида” на бугарката Ружа Игњатова, голем број на луѓе беа измамени и во нашава држава, давајки ги своите пари во кеш на некои таканаречени посредници, кои потоа им даваа пасворд за да си ја следат нивната инвестицијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП