25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИЕдноставна контрола на порциите - Шака диета

Едноставна контрола на порциите – Шака диета

Ефикасно слабеење се постигнува, не со гладување и претерано откажување, туку со контролирање на порциите и внес на калории. Една од главните причини на нашата повеќе месечна борба со вишокот килограми, секако се закуските и непланираните оброци, па еден од водечките совети за ефикасна борба со вишокот килограми е добро осмислен план за оброците, на кој секојдневно ќе се придржувате.

За полесно да ги контролирате вашите порции, можете да ја пробате популарната шака диета, во која секој оброк се базира на количината која се вклопува во вашата дланка. Парче месо што го јадете за ручек не би требало да биде поголемо од вашата испружена дланка, за ужина изедете шака јаткасти плодови и секој оброк, кој во текот на денот го подготвувате врз основа на количината на една шака.

Оваа диета не подразбира никакво откажување ниту строго елиминирање на одредени намирници од исхраната, туку претставува нов и едноставен начин за контролирање на порциите, кој ќе ви помогне секојдневно да ја внесувате потребната количина на хранливи материи, да спречите прејадување и на крај да го стесните стомакот и да ја намалите секојдневната потреба за храна.

Правилната употреба на оваа диета вклучува 4 шаки по оброк и тоа, неколку протеини, шака здрави јаглени хидрати, шака влакна и шака масти. Доколку правилно ги распоредите намирниците во вашиот оброк, ќе бидете сити, ќе ги внесете сите потребни хранливи материи, а во исто време, ќе ја балансирате вашата исхрана и ќе ги намалите вишокот килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП